Iaiaoa i?aai ia iiaoi?ii aeana?a

Историја на Oпштината

Името на Oпштината е добиено по воениот аеродром (кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”), кој бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година.

Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќајот во Скопје. Аеродромот бил наречен „Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба Аеродром“.

Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29”, а превезувал 5 патници.

Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале од Скопје во 07:00 часот наутро.



AerodromAerodorm

Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, како вљубеник во воздухопловството и прв човек на власта, во 1925 година купил еден француски авион – „Каљдран“, кој бил првиот цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија.

Прв пилот бил М. Јерошенко

Есента во 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи на Зајчев рид и во стариот Аеродром.



AerodromAerodorm

Покана од аеродромот „Скопје“ до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија во 1938 година

Aerodrom

Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион.

Како куриозитет старите скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

Во 1937 година, во договор со авионското друштво „Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и со странство. Со оваа линија стигнувал и весникот „Правда” од Белград.


Aerodrom


Од 1924 до 1931 година се одржувале фудбалски натпревари помеѓу маалата. Клубот „Славија” бил формиран од трите спортски клубови „Југ”, „Победа” и „Славија”, кои настапувале под името Железнички клуб „Славија” ЖКС.


Aerodrom

Ова бил клуб од Мичурин.


Дали се согласувате со иницијативата на Општина Аеродром булеварот „АВНОЈ“ да се преименува во „АСНОМ“, а булеварите „Кузман Јосифовски-Питу“, „Јане Сандански“ и „Видое Смилевски-Бато“ да го добијат заедничкото име – „Јане Сандански“?

  • Да
  • Не
  • Немам одговор
Rezultati

A?aanee eeiee

Buss
 
© Општина Аеродром, 2006