Визија
Општина Аеродром - најурбана и најмодерна општина!
Аеродром - општина со скромно минато, но со богата перспектива која ветува успех. Млада и неуморна во своето издигнување и понатамошниот развој, и тоа во чекор со европскиот модел на изградување. Oваа општина нуди сигурност и оптимизам. Сигурност за секој граѓанин, секое семејство, секој старец и дете, овозможувајќи им полека, но сигурно, да го остваруваат својот сон.
Многумина ќе речат дека Општина Аеродром, иако урбана, сепак е културно и стопански сиромашна. Но, едно е сигурно. Општина Аеродром ќе ја искористи можноста која сега и се нуди за да се издигне највисоко во својот развој на секое поле.
Урбаниот дух кој гордо го носи Општина Аеродром и предиспозициите кои ги ужива ветуваат богата иднина на една европска општина, која секогаш ќе го надградува својот модерен изглед, општина која сега ја започнува својата мисија да биде единствена и најдобра на Балканот.