1. Детални урбанистички планови
• Финализирање на процесот на донесување
30 ДУП-ови за урбаниот дел од Општината
• изготвување урбанистички планови надвор од опфатот на ГУП за Град Скопје
• изготвување урбанистички план вон населено место (Горно Лисиче и Долно Лисиче)
• изготвување урбанистички план за село
(Долно Лисиче)
2. Атмосферска канализација
• Отпочнување изградба на атмосферска канализација во населбата Мичурин
• Отпочнување изградба на дел од атмосферска канализација во Горно Лисиче
3. Јавно осветлување
• Отпочнување со изградба на нови 40 линии за јавно осветлување на населбите
Мичурин, Острово, Стар
Аеродром, Јане Сандански, Ново Лисиче, Лисиче, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Реонски Центар „Аеродром“, улица „Мите Богоевски“
4. Детски игралишта
• Отпочнување со изградба на 15 нови детски игралишта во населбите:Мичурин, Острово, Стар
Аеродром, Јане Сандански, 13 Ноември, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Реонски Центар „Аеродром“
5. Заштита на животната средина
• Отпочнување со реализација на „Проектот за наводнување зелени површини“ со вода од бунарите на „ОХИС“, за зеленилото во населбите Мичурин, Јане Сандански,Лисиче, Реонски центар „Аеродром“ и долж булеварот „Јане Сандански“
• Изготвување и реализација на проект за партерно уредување на просторот на урбаниот дел на општината, со:
унифициран тип на киосци, хортикултурно уредување на
јавните зелени површини, површини за зимски активности – лизгалишта, површини уредени со детски реквизити
(рингишпил, вовчиња, вртелешки)
• Изготвување проект за селектирање отпад
• Спроведување на пролетната сесија, шеста по ред, од еко-акцијата „Поубава и почиста Општина Аеродром“ –
садење неколку илјади садници и хортикултурно уредување на парковските површини и жардиниерите
6. Урбана опрема
• Отпочнување со поставување на над 400 нови клупи
• Реконструкција на над
100-тина постојни клупи
• Отпочнување со поставување над 500 нови кошници
за отпадоци
• Реконструкција над 100
тина постојни кошници за
отпадоци
• Отпочнување со поставување околу 5.000 препреки
• Санација на 1.000 постојни препреки
• Отпочнување со поставување на околу 500 куќички
за птици
7. Спортски игралишта
- Финализирање на изградбата на почнатите 3 спортски игралишта во населбите:
• Ново Лисиче – 2 игралишта и
• Реонски центар „Аеродром“.
- Отпочнување со реконструкција на 20 спортски игралишта
8. Фонтани и чешми
• Отпочнување со изградба на над 30 нови
фонтани
• Отпочнување со поставување 60 нови
чешми за вода
• Ставање во употреба 15 стари чешми за
пиење вода
9. Водоводна мрежа
• Отпочнување со изведба на дел од
водоводна мрежа во Горно Лисиче
10.Нови пазари
• Ставање во функција на
две просторно уредени локации (меѓу црквата „Св. Пророк
Илија“ и поликлиниката „Јане
Сандански“ и кај спортската
сала „Јане Сандански“) и на
други места
11. Духовен живот
Активна работа во дело на подобрување на духовниот живот на граѓаните, преку:
•Финализирање на доизградбата на храмот „Свети
Пророк Илија“ во Општина Аеродром и
•Отпочнување со изградба
на нова црква „Свети Кирил и
Методиј“ и други цркви во Општината
12. Фекална канализација
• Отпочнување целосна реконструкција и доизградба на фекалната канализација во населбата Мичурин
• Отпочнување изведба на фекална канализација на дел од улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населба Лисиче
• Отпочнување активности за доизградба на фекалната канализација по
улиците „Божин Николов“, „Богомиски поход“, „Тодор Чангов“, „Ѓорѓи Капчев“ и дел од новопроектираната улица
„Пролетна офанзива“ во Горно Лисиче
• Финализирање на веќе отпочнатата изведба на краците К-1 и К-2, отпочнување изведба на краците К-5 и К-6 и
заокружување на изведбата на кракот
К-4, во Долно Лисиче
• Завршување на изведбата на препумпната станица во Долно Лисиче