Iaiaoa i?aai ia iiaoi?ii aeana?a

Градоначалник

gradonacalnik

ИВИЦА КОНЕВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Ивица Коневски официјално стапи на функцијата градоначалник на Општина Аеродром на 7.4.2009 година, по победата во првиот круг на локалните избори на 22.3.2009 година.
Ивица Коневски е роден на 14 декември 1978 година во Скопје.
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање дипломиран правник со положен правосуден испит.
Во период од 2005 до 2006 година ја извршувал функцијата член на Советот на Град Скопје. Во 2006 година е именуван за генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (ЈПССДП).
Бил претседател на Бордот на директори на Градскиот трговски центар. Во периодот од неговото назначување за директор претпријатието бележи голем развој, напредок во работата, чесно и некорумпирано работење што резултираше со зголемување на капацитетите на претпријатието и реализација на бројни значајни проекти, како што се изградба на голем број социјални и комерцијални станови и изградба на станови за млади брачни парови во Општина Аеродром, изградба на северната трибина на Градскиот стадион и почнување постапка за целосно обновување на стадионот „Арена Филип Втори“ во Скопје.
Воедно, Ивица Коневски прв воведе „ISO” стандард за квалитет во ЈПССДП, правејќи го прво јавно претпријатие во Македонија со ваков стандард.
Ивица Коневски важи за млад и динамичен политичар и менаџер со европски кодекс на однесување, човек перфекционист во работата, со способност за тимска работа, работа во мултикултурна средина, креативен, флексибилен, инвентивен, експедитивен, со јасен концепт за иднината на Општина Аеродром.




© Општина Аеродром, 2006