Предлог - Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година
Предлог - Буџетот на Општина Аеродром е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија со бр.05-7013/1 од 06.10.2008 година, во кои се содржани главните насоки за изготвување на општинскиот буџет за 2009 година.
Предлог - Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година е дефиниран како годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства во кој се вклучени Основниот буџет, Буџетот на самофинансирачки активности, Буџетот на блок дотации и Буџетот на донации.
Изготвувањето на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година е во согласност со новитетите кои се однесувааат на воведувањето на развојниот дел на буџетот, поточно среднорочниот (тригодишен) план на програмите за развој, промените настанати во програмската класификација, како и изготвувањето на буџетот за наредните три години.
Во апликацијата за изработка на општинскиот буџет се воведува сосема ново поглавие за планирање на развојните програми со задолжително тригодишно планирање на приходите и расходите, кои по усвојувањето од страна на општинските совети стануваат составен дел од општинските буџети.
Планот на програмите за развој ги содржи среднорочните проекции на планираните развојни активности за секоја фискална година одделно.
Овие активности, одделно се внесуваат во посебните обрасци В1 во кои за секоја од нив детално се опишуваат: надлежноста, програмата, потпрограмата, целта на развојната програма, активностите кои се планираат, очекуваните резултати и ефекти, ризици и претпоставки, датум на отпочнување и завршување на проектот, како и финансиска конструкција на истите.
Прибраните податоци се сублимираат и истите се доставуваат до советот на општината на усвојување. По усвојувањето развојните програми стануваат составен дел на Предлог буџетот на општината, во рамките на развојниот дел.
Општинските буџети започнувајќи со Буџетот за 2009 година, ќе бидат со следната структура:
- Општ дел;
- Посебен дел и
- Развоен дел.
Следната промена е настаната кај програмската класификација, при што се воведува комплетно нов начин на воведување на програми и потпрограми во општинските буџети. Кај класификациите се воведуваат нови табели за Надлежности, компоненти, нивоа на студии, типови на договори и извори на финансирање.
Во делот на подготовката на општинските буџети се воведуваат и нови табели за втор и трет буџет со соодветни биланси за приходи и расходи.
Планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина Аеродром во Буџетот за 2009 година изнесуваат 1.301.899.137 денари.
Приходите на Буџетот на Општината за 2009 година се планирани согласно направената анализа на историските податоци и досегашниот тренд на наплата на разните групи на приходи, како и предвидувањата за очекуваните приходи од надоместокот за уредување на градежното земјиште, даноците на имот, донациите, блок дотациите за основните училишта и детските градинки и другите трансфери од Буџетот на Република Македонија за 2009 година.
Од графичкиот приказ може да се заклучи дека најголемо учество во вкупните приходи од 70,4% имаат даночните приходи кои претставуваат и основа за финансирање на функциите на општината, неданочните приходи учествуваат со 7,7%, капиталните приходи учествуваат со 0,02%, додека со значителен дел од 21,9% учествуваат и приходите од трансфери и донации.
Планирани расходи на Општина Аеродром за 2009 година, вкупно изнесуваат 1.301.899.137 денари и со тоа се запазува буџетското правило на балансирани приходи и расходи. Согласно економската класификација истите се утврдени по одделни намени и видови.
Од графичкиот приказ може да се констатира дека учеството на капиталните расходи доминира со 54,2% со што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и одржување на постојната инфраструктура, како и подобрување на вкупните јавни услуги.
Во делот на расходите за стоки и услуги на кои отпаѓаат 25,6%, покрај тековните расходи за функционирање на општината се содржани и расходите за финансирање на комуналните услуги и тековното одржување на основното образование и детската заштита.
Во Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, со дел од 19,2% од вкупните расходи се обезбедени средства за плати, наемнини и надоместоци за вработените во Општината, градоначалникот на Општината, членовите на Советот на Општината, како и вработените во општинските буџетски корисници кои по влезот на општината во втората фаза од фискалната децентрализација се финансираат преку блок дотации.
Останатите расходи се однесуваат на резерви и недефинирани расходи и расходи за субвенции и трансфери со по 0,5% од вкупните расходи.
Во најголем дел, капиталните расходи се однесуваат на изготвување на проекти, изградба и реконструкција на улици и на патишта во урбаниот и руралниот дел на општината, изградба на капацитети за водоснабдување, изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води, изградба на нови линии за јавно осветлување, изградба и реконструкција на детски и спортски игралишта и друго. Учеството на расходите планирани за градежни објекти изнесува 86,3%.
Во рамките на средствата за купување мебел, опрема, возила и машини (9%) со најголем процент учествуваат средствата планирани за набавка на разни видови урбана опрема, набавка на канцелариска опрема, набавка на информатичка опрема, како и набавка на други моторни возила и опрема за одржување на чистотата и зелените површини во општината.
За потребите во врска со пошумување на зелените површини на територија на општината, компјутерски софтвер, надоместок за одземен имот и друго, во делот на други нефинансиски средства се планирани 4,7% од вкупните капитални расходи.
Капиталните расходи се во функција на подобрување на јавните услуги и подобрување на инфраструктурата во општината.
Финансирањето на активностите според програмите на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година е следен:
Буџет за 2008 година
Буџет за 2007 година
Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Аеродром на 10.05.2007 година
Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Аеродром на 30.10.2007 година