Врз основа на Одлука за задолжување на градоначалникот на Општина Аеродром за преземање активности за распишување Конкурс за избор на химна на Општина Аеродром, број 07-231/2 од 10.01.2008 година („Службен гласник на Општина Аеродром” бр. 01/08) и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за задолжување на градоначалникот на Општина Аеродром за преземање активности за распишување Конкурс за избор на химна на Општина Аеродром, број 07-280/2 од 21.01.2008 година („Службен гласник на Општина Аеродром” бр. 02/08) Советот на Општина Аеродром распишува:
Ј А В Е Н К О Н К У Р С
за изработка на идејно решение за химна на
Општина Аеродром - Скопје
-
Општина Аеродром распишува јавен конкурс за изработка на идејни решенија за химна на општината.
-
При изработка на идејното решение за химна да се имаат предвид историските традиции, културното наследство, природата, географските, стопанските и други карактеристики на Општина Аеродром.
-
Да се разликува од химната на Република Македонија, од другите општини, од општините во Градот Скопје, како и од химната на другите држави и други државни и меѓународни организации.
-
Идејното решение потребно е да биде мелодично, со разбирлив и јасен стил на изразување во текстот.
-
Идејното решение не треба да трае подолго од 3 минути и потребно е досега да не е изведувано.
-
Идејните решенија за химна да се достават во затворени пратки под шифра со ознака за „химна“ и „не отворај” и во истите треба да има посебен затворен коверт на кој ќе пишува „решение” и во него да биде идејното решение за химна на општината, ставено на соодветен носач на звук, а текстуалниот дел на химната да биде доставен во печатена и во електронска форма на компакт диск или дискета, како и шифра и посебен затворен коверт на кој ќе пишува „шифра”, а во него да стои името на авторот, на кој се однесува шифрата, со адреса и телефонски број.
-
Авторството се докажува со копија од приложените решенија и податоци за авторот.
-
Комисијата за спроведување на постапката за утврдување химна на Општина Аеродром ќе ги разгледа пристигнатите решенија и од истите ќе ги избере најдобрите и на Советот на Општината ќе му ги предложи за утврдување на химна на општината.
-
Наградата за избраното идејно решение на Општина Аеродром ќе изнесува 30.000,00 денари.
-
Авторските права на учесниците чие решение е прифатено и припаѓаат на Општина Аеродром.
-
Идејните решенија да се достават до Општина Аеродром (Комисијата за спроведување на постапката за утврдување химна на Општина Аеродром), ул. „Венијамин Мачуковски” бр. 6, 1000 Скопје.
-
Доставените идејни решенија нема да се враќаат.
-
Конкурсот е јавен и трае 60 дена од денот на објавувањето во печатените јавни гласила.
-
Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на завршувањето на конкурсот.
-
Право на учество имаат сите правни и физички лица на Република Македонија.
Општина Аеродром