Iaiaoa i?aai ia iiaoi?ii aeana?a

Водич за инвеститори

ЗОШТО ДА ИНВЕСТИРАМ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ?


ПРОФИТ

Во Општина Аеродром има голема побарувачка на недвижнини, според побарувањата во поголемиот број агенции за недвижности и според податоците од Државниот завод за статистика.
Високата продажна цена на недвижностите, исто така, е показател за атрактивен простор, па затоа има голема побарувачка. Просечната цена на квадратен метар за станбен простор во Република Македонија изнесува 55.000 денари (околу 900 евра), според податоците од Државниот завод за статистика.
Во Општина Аеродром продажната цена на станбен простор се движи од 900 до 1.200 евра за квадрат.
Со влезот на Република Македонија во ЕУ и НАТО, што претставува највисок стратешки интерес и приоритет на Владата на Република Македонија, се очекува цената по квадратен метар да се зголеми најмалку двојно, а тоа создава можност за реализирање екстра профит.
Република Македонија има потпишано Договори за слободна трговска размена со земјите од ЕУ, ЕФТА и ЦЕФТА, како и со Украина и Турција, што ја прави да биде пазар за 650 милиони потрошувачи.
Македонија од 2003 година е земја членка и на Светската трговска организација (WTO).
ЛОКАЦИЈА
Општина Аеродром е сместена во централното градско подрачје на главниот град на Македонија – Скопје, поточно на 1,4 километри од строгиот центар и граничи со три општини - Центар, Гази Баба и Кисела Вода.
Идеално инфраструктурно е поврзана со сите видови достапни патишта и енергенси. Автопатот Е-75 на оската север – југ се наоѓа на само 2,4 километри од општината, на 17 километри од општината е аеродромот „Александар Велики“, а главната домашна и меѓународна автобуска и железничка станица во Скопје е токму на територијата на општината. Најблиското пристаниште во Солун е оддалечено на околу 2,5 часа возење, пристаништето во Драч, пак, е оддалечено околу 4 часа. Низ општината поминува гасоводна цевка, а нормално, достапни за користење се и електрична енергија, вода, парно, телекомуникации, интернет.


Page Image 

1. Република Македонија                           2. Општина Аеродром
НАСЕЛЕНОСТ
Според последниот попис од 2002 година, во Општина Аеродром живеат 72.009 жители, а според нашите пресметки во моментов има околу 80.000 жители.
Општината има висока густина на населеност со стапка од 31,3 жители на хектар. Стапката на пораст на населението е за околу 2,3% на годишно ниво, која во последните 2-3 години е со тренд на пораст, ако се земат предвид зголемените можности на Општината за прилив на ново население преку доизградба на новите локалитети, како што се населбите Реонски центар „Аеродром“ и урбаната единица „Црква Б“, како и надградби и доградби на постојните станбени објекти.
Популацијата што ја населува општината е млада со урбан стил и начин на живеење, поради високиот процент на население на возраст од 20 до 24 години, како и популација од средна возраст од 50 до 57 години.
Во радиус од 3 километри од општината живеат околу 250.000 жители, во радиус од 10 километри живеат околу 600.000 жители, во радиус од 30 километри живеат 1.000.000 жители. Општина Аеродром е место кон коешто гравитираат жителите од другите скопски општини, како и од Република Македонија.
РАБОТНА СИЛА
Општина Аеродром се карактеризира со високо едуцирана, квалитетна и етична работна сила што е достапна за сите инвеститори.
Просечната месечна плата (на ниво на Република Македонија), за април 2009 година според Државниот завод за статистика, изнесува 20.167 денари (околу 320 евра).
Освен тоа, достапна е квалитетна и искусна градежна оператива која има интернационално искуство, а работи по пристапни цени.
БРЕНДОВИ
Како резултат на современо и урбано најдобро уредената општина, на територијата на Аеродром егзистираат поголеми брендови од најразлични области што инвестираат во Македонија. Тие најчесто настојуваат Општина Аеродром да биде меѓу првите локации каде што ќе биде сместен нивниот бизнис (МЕКДОНАЛДС, ПРОКРЕДИТ, НЛБ, ВЕРО (СПАР), Тинекс и др.).
ПЕРСПЕКТИВА
Општина Аеродром е во фаза на изработка на 25 детални урбанистички планови за најатрактивните локации за градба во Република Македонија.
Со овие планови се предвидува изградба на околу 15.000 до 20.000 станови, училишта, детски градинки, облакодери, забавен парк, хотели, трговски центри, спортски терени и игралишта, фудбалски стадион, олимписки базен, конгресна сала, затворено лизгалиште, како и многу други содржини што се дефицитарни не само во Општина Аеродром, туку и во Република Македонија и регионот.
Се предвидува вкупната вредност на сите инвестиции да надмине 1 милијарда евра.
ОБЛАКОДЕР
Локацијата на која е предвидена изградба на висококатница се наоѓа на раскрсница на два фреквентни булевари „Трета македонска бригада“ и „Србија“.
Со деталниот урбанистички план за овој објект се предвидува и изградба на внатрешна секундарна сообраќајница што дополнително ќе ја растовари целокупната сообраќајна мрежа во овој дел од општината.
Во радиус од 3 километри од оваа локација постојат неколку трговски центри, банки, хипермаркет, најголемиот приватен универзитет во Македонија, продажни салони за возила, станбен комплекс со околу 50.000 жители, 4 основни училишта, 3 средни училишта, повеќе детски градинки, 5 бензински пумпи.
Во радиус од 3 километри од оваа локација се предвидува изградба на најмалку 3 хотели, неколку трговски центри, забавен парк, фудбалски стадион, мултимедијална сала, затворен базен, затворено лизгалиште, основно и средно училиште, градинка и други капитални објекти кои како содржина недостасуваат во Општина Аеродром и Република Македонија.
МОЖНОСТИ
Со изградбата на облакодерите не само што се зајакнува сопствениот бизнис, туку и се придонесува во развојот на Општината, отворајќи можности за уште поголеми инвестиции. Станбено-деловниот објект - облакодер нуди повеќе можности за развивање на бизнисот. Поголем дел од овој објект е наменет за станови, кои се дефицитарни во Општина Аеродром.
Тука може да бидат сместени просториите на поголем дел од конзуларните претставништва и канцеларии на амбасадите во Република Македонија, високо луксузни апартмани, банки и други фирми. Овој простор може да биде идеален за да се сместат во него познати светски брендови.
Деталниот урбанистички план за овој локалитет е усвоен.
Инфраструктурата во овој дел од градот во целост ги исполнува потребите за ваков тип објекти.
Земјиштето е во сопственост на Република Македонија. Распишан е тендер за продажба на земјиштето.
Потенцијалниот инвеститор би можел да заврши со административните процедури  во рок од 4 месеци по целосното завршување на тендерот и доставување на целокупната документација.
ДАНОЧЕН РАЈ
Последните реформи во даночниот систем ја направија Македонија даночен рај на Европа. Рамниот данок изнесува 10% и истиот овозможува транспарентни и ефикасни административни процедури.
РЕГИСТРАЦИЈА НА БИЗНИСИТЕ (one-stop-shop)
Македонија го воведе таканаречениот one-stop-shop систем, што им овозможува на инвеститорите регистрација на фирмите во рок од 4 часа. Линкот, на кој е достапен е http://www.crm.com.mk/.



© Iiooeia Aa?ia?ii, 2006