ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ (ПОСЕБЕН ДЕЛ )
ПО ОДНОС НА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА СОВЕТНИК ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТ И СОВЕТНИК ЗА ФИНАНСИСКО МАТЕРИЈАЛНО СМЕТКОВОДСТВО ВО СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ
Прашањата од посебниот дел од стручниот испит за вработување на државни службеници на работните места: Советник за планирање и извршување на буџет и Советник за финансиско и материјално сметководство во Сектор за финансии, можете да ги најдете на следнава веб страница:WWWW.pravo.org.mk и истите се содржани во:
- Закон за локална самоуправа („Службен весник РМ“ бр. 02/05);
- Закон за финансирање на единиците на локална самоуправа („Службен веаник на РМ“ бр. 61/04, 96/2004, 67/2007, 156/2009).
За сите подетални информации можете да се обратите на телефонскиот број 2401-531, кај Ирена Петревска, помлад соработник за управување со човечки ресурси.
...............................................................................................на почеток
...............................................................................................на почеток
Врз основа на член 24, став 9 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ” број 51/05) и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. 137/07) градоначалникот на Општина Аеродром го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица од просторот, опфатен со планот за локалитетот Реонски центар Урбана единица А – Аеродром, Скопје, дека градоначалникот на Општина Аеродром донесе Решение за повторно спроведување
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот Реонски центар Урбана единица А– Аеродром, Скопје, кој опфаќа простор со површина од 28,50 ха утврден од Советот на Општина Аеродром, со следните граници:
Северoисток Булевар „Видое Смилевски-Бато“
Југоисток улица „Фебруарски поход“
Југозапад Постојна улица- дел од локална улична мрежа
Северозапад Булевар „Србија“
На просторот по Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот РЕОНСКИ ЦЕНТАР Урбана единица А на површина од 28,50 ха се предвидуваат површини со намена за:
- А1 Домување во станбени куќи;
- А2 Домување во станбени згради;
- Б1 Мали комерцијални и деловни единици;
- Б3 Големи угостителски единици;
- Б4 Деловни деиности;
- В1 Образование и наука;
- В2 Здравствени и социјални институции
- В4 Државни институции;
- В5 Верски институции - црква;
- Г3 Сервиси;
- Г4 Стоваришта;
- Е1 Сообраќајници, Комунална инфрасруктура;
- Д1 Парковско зеленило
- Д2 Заштитно зеленило
- Д3 Спорт и рекреација
Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот РЕОНСКИ ЦЕНТАР Урбана единица А ќе биде изложен во просториите на основното училиште „ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ“ - Општина Аеродром, Скопје во рок од 10 работни дена од 23.04.2009 година до 07.05.2009 година, секој работен ден од 12:00 до 19:00 часот.
Јавната презентација ќе се одржи на ден 27.04.2009 година (понеделник) со почеток во 17:30 часот во просториите на основното училиште „ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ “ - Општина Аеродром, Скопје.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се добијат во просториите на училиштето, кај надлежното лице. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
...............................................................................................на почеток
Врз основа на член 24, став 9 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ” број 51/05) и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. 137/07) градоначалникот на Општина Аеродром го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица од просторот, опфатен со планот за локалитетот Јане Сандански Урбана единица Г – Аеродром, Скопје, дека градоначалникот на Општина Аеродром донесе Решение за повторно спроведување
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот Јане Сандански Урбана единица Г– Аеродром, Скопје, кој опфаќа простор со површина од 26,24 ха утврден од Советот на Општина Аеродром, со следните граници:
Северoисток Мајор коритото на реката Вардар
Југоисток Оска на магистрална сообраќајница бул. „Војводина“
Југозапад Оска на бул. „АСНОМ“ и крак на бул. „АВНОЈ“
Северозапад „Транспортен центар“
На просторот по Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот Јане Сандански Урбана единица Г на површина од 26,24 ха се предвидуваат површини со намена за:
- А3 Групно домување;
- Б1 Мали комерцијални и деловни единици;
- Б5 Хотелски комплекси;
- В5 Верски институции - црква;
- Б6 Градби за собири;
- Д1 Парковско зеленило
- Д2 Заштитно зеленило покрај сообраќајници
- Д3 Спорт и рекреација;
- Е1 Сообраќајници, Комунална инфрасруктура;
Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот Јане Сандански Урбана единица Г ќе биде изложен во просториите на основното училиште „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ - Општина Аеродром, Скопје во рок од 10 работни дена од 23.04.2009 година до 07.05.2009 година, секој работен ден од 12:00 до 19:00 часот.
Јавната презентација ќе се одржи на ден 27.04.2009 година (понеделник) со почеток во 17:30 часот во просториите на основното училиште „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ - Општина Аеродром, Скопје.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се добијат во просториите на училиштето, кај надлежното лице. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
...............................................................................................на почеток
Врз основа на член 24, став 9 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ” број 51/05) и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. 137/07) градоначалникот на Општина Аеродром го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица од просторот, опфатен со планот за локалитетот ИНДУСТРИСКА ЗОНА Урбана единица Б – Аеродром, Скопје, дека градоначалникот на Општина Аеродром донесе Решение за повторно спроведување
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот ИНДУСТРИСКА ЗОНА Урбана единица Б – Аеродром, Скопје, кој опфаќа простор со површина од 30,92 ха утврден од Советот на Општина Аеродром, со следните граници:
Северoисток Оска на булевар „Трета македонска бригада“
Југоисток Оска на булеварот „Србија“
Југозапад Граница со парцела на „Ж.Т.О. Скопје“
Северозапад Оска на новопланирана улица „1“
На просторот по Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот ИНДУСТРИСКА ЗОНА Урбана единица Б на површина од 30,90 ха се предвидуваат површини со намена за:
- Б2, 3, 4 Комерцијални и деловни намени;
- Б1, 2 Јавни институции;
- Г2, 3, 4 Производство, дистрибуција и сервиси;
- Д2 Заштитно зеленило;
- Д2 Разделно зеленило;
- Г5 Трафостаници;
- Е2 Бензинска пумпа;
- Е1 Сообраќајници;
- Тротоар и пешачки пристап;
- Разделно острово
- Паркинзи
Нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот ИНДУСТРИСКА ЗОНА Урбана единица Б ќе биде изложен во просториите на основното училиште „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ - Општина Аеродром, Скопје во рок од 10 работни дена од 23.04.2009година до 07.05.2009 година, секој работен ден од 12:00 до 19:00 часот.
Јавната презентација ќе се одржи на ден 27.04.2009година (понеделник) со почеток во 17:30 часот во просториите на основното училиште „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ - Општина Аеродром, Скопје.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се добијат во просториите на училиштето, кај надлежното лице. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
...............................................................................................на почеток
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
Дел I: Договорен орган
Број 01/2008
I .1. Податоци за договорниот орган
Општина Аеродром, ул. Венијамин Мачуковски бр. 6, Борче Христов, 1000 Скопје, тел: 02/2401-548, факс: 02/2401-546, www.aerodrom.gov.mk, borche.hristov@aerodrom.gov.mk
I .2. Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје – Општи Јавни услуги
Дел II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
II.1. Предмет на конкурсот за избор на идејно решение:
Изработка на идејно архитектонско решение за партерно уредување на тематска пешачка улица во чест на Тодор Проески
II.3. Доделување на договор од опфатените дејности
Секторски договори
II.4. Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5. Групна набавка: Не
II.6. Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка
Изработка на идејно архитектонско решение за партерно уредување на тематска пешачка улица во чест на Тодор Проески во населба Ново Лисиче,Општина Аеродром.
ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Не
III.2) Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Не
III.3) Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/ планови или проект/ проекти
- функционално организирање на урбаниот простор според програмските барања
- креативност на решението
- карактерност на урбаниот простор
ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1. Услови за доставување на планот/ плановите или проектот/ проектите
Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
01.10.2008 година во 11:00 часот. Место: Општина Аеродром
IV.2. Доделување на награда/награди: Да
- прва награда – 150.000,00 денари
- втора награда - 90.000,00 денари
- трета награда - 60.000,00 денари
IV.4. Дополнителни информации
...............................................................................................на почеток