Буџет 2009 - прб ребаланс
Усвоена Одлуката за измени и дополнувања на Буџетот Советот на Општина Аеродром на седмата седница одржана на 11.06.2009 година, ја усвои Одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, односно, во Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година со бр.07-1438/33 од 12.03.2009 година, објавен во “Службен гласник на Општина Аеродром“ број 6/09 од 12.03.2009 година, се извршија одредени измени и дополнувања. Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, во голем дел, се изготвени врз основ на пренесените вишоци на приходи од 2008 година, прикажани во завршната сметка на буџетот на Општина Аеродром за 2008 година, завршните сметки за 2008 година доставени од страна на општинските буџетски корисници, како и доставените изменети планови од страна на општинските буџетски корисници за одредени потреби од пренамена на износите по одделни потставки. Горенаведените пренесени вишоци на приходи од претходната 2008 година, кои се однесуваат на општината и нејзините буџетски корисници, во рамките на приходната страна се додаваат на потставката 741114 - Пренесен вишок на приходи од претходната година. Во рамките на колоната самофинансирачки активности, измените и дополнувањата се однесуваат на измените во годишните планови, за сметката самофинансирачки активности, по доставените барања за истите од страна на буџетските корисници на Општина Аеродром. На расходната страна, измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, во делот на основниот буџет се однесуваат на следните потпрограми: Потпрограмата A0 - Совет на општина, Потпрограмата D0 – Градоначалник, Потпрограма D1 – Месна самоуправа, Потпрограмата Е0 – Општинска администрација, Потпрограмата F1 – Урбанистичко планирање и уредување на просторот, Потпрограмата FA – Уредување на градежно земјиште (капитален трошок), Потпрограма G1 – Подршка на локален економски развој, Потпрограма GA – Изградба на комерцијални објекти, Потпрограма Ј0 – Одржување на урбана опрема, Потпрограма Ј2 – Одведување и пречистување на отпадни води, Потпрограма Ј6 – Одржување и заштита на локални патишта, Потпрограма Ј7 – Одржување и користење на паркови и зеленило, Потпрограма Ј8 – Други комунални услуги, Потпрограма Ј9 – Одржување на простори за паркирање, Потпрограмата JА – Изградба на јавно осветлување, Потпрограмата JD – Изградба и реконструкција на локални патишта и улици, Потпрограмата ЈЕ – Изградба на простор за паркирање, Потпрограма ЈF – Изградба на сообраќајна сигнализација, Потпрограмата JG – Изградба на системи за водоснабдување, Потпрограмата JI – Изградба на системи за одведување и пречистување, Потпрограмата JM – Паркови и зеленило (капитални расходи), Потпрограмата JN – Урбана Опрема (капитални расходи), Потпрограмата К4 – Културни манифестации и творештва, Потпрограмата V1 - Детски градинки и Потпрограмата N1 – Основно образование. Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, во рамките на колоните самофинансирачки активности и блок дотации, во целост се однесуваат на програмите на општинските буџетски корисници, поточно Програмата V - Социјална заштита и заштита на децата, Потпрограмата V1 - Детски градинки, како и Програмата N – Основно образование, Потпрограмата N1 – Основно образование. Со наведените измени и дополнувања, Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, кој го вклучува основниот буџет, самофинансирачките активности, донациите, како и блок дотациите, во вкупен износ се намалува од 1.371.009.137 денари на износ од 1.020.343.416 денари.
на Општина Аеродром за 2009 година
Воедно, при изготвување на измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, земена е во предвид и остварената реализација на приходите согласно кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром кој се однесува на првиот квартал од 2009-та година, како и приоритетните активности на секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина до крајот на тековната година.
Во рамките на колоната основен буџет, износот кој се однесува на потставката 717137 - Надоместок за уредување на градежно земјиште, се намалува на износ од 407.524.107 денари.
Распределба на пренесените вишоци на приходи од претходната 2008 година, кои се однесуваат на горенаведените програми, за сметката самофинансирачки активности, е изготвена според дополнителните планови доставени од страна на основните училишта и детските градинки на територија на Општина Аеродром.
Во делот на блок дотацијата, измените се изготвени по доставените изменети планови од страна на општинските буџетски корисници за одредени пренамени на износите по одделни потставки.
Приходи (44.5 kB)





