Информации

Полиција

контакт-телефон : 192

Брза помош

контакт-телефон : 194

Противпожарна бригада

контакт-телефон : 193

Центар за известување и тревожење

контакт-телефон : 195

АМСМ-помош на патишта

контакт-телефон : 987

Информации

контакт-телефон : 188

Будење

контакт-телефон : 180

Точно време

контакт-телефон : 95

Телеграми

контакт-телефон : 96

ЕМС услуга Врата до врата

контакт-телефон : 9800

Воена полиција

контакт-телефон : 3227-700

Републички пазарен инспектор

контакт-телефон : 975

Матична служба

контакт-телефон : 3117-766

Аеродром Скопје

контакт-телефон : 3148-333

Меѓуградска автобуска станица

контакт-телефон : 2466-011

Железничка станица

контакт-телефон : 3164-255

ПС Аеродром

контакт-телефон : 2432-362; 3142 408

ПС Драчево

контакт-телефон : 2794 111; 2763 330

ПС Кисела Вода

контакт-телефон : 3142 403; 3223 410

Повеќе...

Ребаланс на Буџет 2010


ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Во Буџетот на Општина Аеродром за 2010 година со бр.07-389/1 од 21.12.2009 година ("Службен гласник на Општина Аеродром" број 25/09 од 21.12.2009 година), вклучително Одлуката за измени и дополнувања - проширување на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година со бр.07-19/4 од 28.01.2010 год. ("Службен гласник на Општина Аеродром" број 2/10 од 28.01.2010 година), Одлуката за измени и дополнувања - проширување на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година со бр.07-152/10 од 26.04.2010 год. ("Службен гласник на Општина Аеродром" број 10/10 од 26.04.2010 година), Одлуката за измени и дополнувања на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година со бр.07-216/2 од 01.07.2010 год. ("Службен гласник на Општина Аеродром" број 14/10 од 01.07.2010 година), како и Одлуката за измени и дополнувања - проширување на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година со бр.07-316/2 од 24.08.2010 год. ("Службен гласник на Општина Аеродром" број 17/10 од 24.08.2010 година), се вршат одредени измени и дополнувања.

 

Измените и дополнувањата на финансиските средства во Буџетот на Општина Аеродром за 2010 година, се однесуваат на колоните: основен буџет, блок дотации, донации и самофинансирачки активности.

Истите се резултат на корекција во дел на реализираните приходи, неопходните промени кои произлегуваат од тековното работење во расходниот дел, како и промени врз основ на доставените барања од страна на општинските буџетски корисници за одредени измени и пренамени во нивните годишни планови по одделни потставки. 

 

Согласно насоките од страна на Министерството за финансии на Р. Македонија од оваа година, во рамките на општинските буџети, делот кој се однесува на средствата - пренесени вишоци на приходи од изминатата година кај основниот буџет и општинските корисници, се прикажува како дефицитарно финансирање.

 

На приходната страна (вклучително и Одлуката за измени и дополнувања - проширување на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година, изготвена по првиот Ребаланс на Буџетот на општината за 2010 година), во колоната основен буџет, измените се однесуваат на ставките 713 - Даноци на имот и тоа од износ од 69.185.000 денари на износ од 70.505.000 денари; ставката 717 - Даноци на специфични услуги и тоа од 263.411.341 денари на износ од 148.491.341 денари; ставката 723 - Административни такси и надоместоци и тоа од 1.200.000 денари на износ од 700.000 денари; ставката 733 - Продажба на земјиште и нематеријални вложувања и тоа од 172.250.000 денари на износ од 272.250.000 денари; како и ставката 741 - Трансфери од други нивоа на власт и тоа од 134.323.659 денари на износ од 134.023.659 денари.

 

Во колоната самофинансирачки активности, измените целосно се изготвени врз основа на достасаните барања од страна на општинските буџетски корисници и тоа на ставката 723 - Административни такси и надоместоци, со што вкупниот износ од 97.844.608 денари е намален на износ од 91.383.608 денари.

 

Во колоните блок дотации и донации, на приходна страна  не се извршени измени и пренамени.

 

На расходната страна, измените и дополнувањата на буџетот (вклучително и Одлуката за измени и дополнувања - проширување на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година, изготвена по првиот Ребаланс на Буџетот на општината за 2010 година), во делот на колоната основен буџет, се однесуваат на потребните промени произлезени од тековното работење во изминатиот период како и активностите во општината кои се во тек.

Измените се изготвени во рамките на следните програми и потпрограми и тоа во:

  • Програма А - Совет на општина, Потпрограмата A0 - Совет на општина, вкупните планирани расходи од 22.010.000 денари не се менуваат и се врши само пренамена на средства во рамките на една ставка;
  • Програма D - Градоначалник, Потпрограмата D0 - Градоначалник, вкупните планирани расходи од 6.793.000 денари не се менуваат и се врши само пренамена на средства во рамките на една ставка; во Потпрограмата D1 - Месна самоуправа, се врши намалување во вкупен износ од 400.000 денари т.е. од 1.800.000 денари на износ од 1.400.000 денари; а во Потпрограмата DА - Месна самоуправа (капитални проекти) се вршат зголемувања на вкупните средства од износ од 2.600.000 денари на износ од 3.000.000 денари;
  • Програма Е - Општинска администрација, Потпрограмата Е0 - Општинска администрација, вкупните планирани расходи се пренаменуваат и намалуваат од вкупно 68.385.000 денари на износ од 66.335.000 денари;
  • Програма F - Урбанистичко планирање и уредување на просторот, Потпрограмата F1 - Урбанистичко планирање, вкупните планирани расходи се намалуваат од 24.052.000 денари на износ од 17.052.000 денари, Потпрограмата F2 - Уредување на градежно земјиште, вкупните планирани расходи се менуваат од 10.500.000 денари на износ од 11.000.000 денари, Потпрограмата F3 - Уредување на простор во рурални подрачја, вкупните планирани расходи се менуваат од 16.100.000 денари на износ од 10.600.000 денари;
  • Програма G - Локален економски развој, Потпрограмата G1 - Подршка на локален економски развој, вкупните планирани расходи се намалуваат од 1.300.000 денари на износ од 750.000 денари, Потпрограмата GА - Изградба на комерцијални објекти, вкупните планирани расходи се намалуваат од 300.000 денари на износ од 200.000 денари;

Програма Ј - Комунални дејности, Потпрограмата Ј6 - Одржување и заштита на локални патишта, вкупните планирани расходи се зголемуваат од 39.000.000 денари на износ од 45.000.000 денари поради дополнителни средства пренаменети од Потпрограмата Ј9 - Одржување на простори за паркирање; Потпрограмата Ј7 - Одржување и користење на паркови и зеленило, вкупните планирани расходи се намалуваат од 16.600.000 денари на износ од 16.100.000 денари; Потпрограмата Ј9 - Одржување на простори за паркирање, вкупните планирани расходи се намалуваат од 6.500.000 денари на износ од 500.000 денари и истите се пренесени во Потпрограмата Ј6 - Одржување и заштита на локални патишта;

  • Програма К - Култура, Потпрограмата К4 - Културни манифестации и творештво, вкупните планирани расходи се намалуваат од 6.350.000 денари на износ од 6.150.000 денари;
  • Програма N - Образование, Потпрограмата N1 - Основно образование, вкупните планирани расходи се зголемуваат од 16.730.000 денари на износ од 17.730.000 денари кои во најголем дел се однесуваат на обезбедување на дополнителни средства неопходни за подмирување на значително зголемените фактури за загревање на училишните објекти кај основните училишта на територија на општината.

 

 Во колоната блок дотации, измената и дополнувањето на Буџетот на Општина Аеродром за 2010 година (вклучително и Одлуката за измени и дополнувања - проширување на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година, изготвена по првиот Ребаланс на Буџетот на општината за 2010 година), се однесува на:

  • Програма N - Образование, Потпрограмата N1 - Основно образование, каде вкупните планирани расходи остануваат непроменети а пренамените се изготвени врз основа на потребната корекција во делот на платите на вработените како и достасаните барања од страна на основните училишта во Општина Аеродром;
  • Програма V - Детски градинки, Потпрограмата V1 - Детски градинки, каде вкупните планирани расходи остануваат непроменети а пренамените се изготвени врз основа на потребната корекција во делот на платите на вработените како и достасаните барања од страна на детските градинки во Општина Аеродром.

 

Во колоната самофинансирачки активности, измената и дополнувањето на Буџетот на Општина Аеродром за 2010 година, (вклучително и Одлуката за измени и дополнувања - проширување на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година, изготвена по првиот Ребаланс на Буџетот на општината за 2010 година), се однесува на:

  • Програма N - Образование, Потпрограмата N1 - Основно образование, каде вкупните планирани расходи се намалуваат од 57.026.841 денари на износ од 54.807.841 денари и истите се однесуваат на доставените барања од страна на основните училишта со одредени измени и пренамени на износите по одделни потставки;
  • Програма V - Детски градинки, Потпрограмата V1 - Детски градинки, каде вкупните планирани расходи се намалуваат од 57.026.841 денари на износ од 54.807.841 денари и истите се однесуваат на доставените барања од страна на детските градинки со одредени измени и пренамени на износите по одделни потставки.

 

Со горенаведените измени, консолидираниот Буџет на Општина Аеродром за 2010 година, кој го вклучува основниот буџет, самофинансирачките активности, донациите, како и блок дотациите (вклучително и Одлуката за измени и дополнувања - проширување на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2010 година, изготвена по првиот Ребаланс на Буџетот на општината за 2010 година), во вкупен износ се намалува од износ од 1.047.624.225 денари на износ од 1.026.763.225  денари.

Приходи (38.4 kB)

Расходи (34.8 kB)

Посебеден дел (167.0 kB)

Назад