Информации

Полиција

контакт-телефон : 192

Брза помош

контакт-телефон : 194

Противпожарна бригада

контакт-телефон : 193

Центар за известување и тревожење

контакт-телефон : 195

АМСМ-помош на патишта

контакт-телефон : 987

Информации

контакт-телефон : 188

Будење

контакт-телефон : 180

Точно време

контакт-телефон : 95

Телеграми

контакт-телефон : 96

ЕМС услуга Врата до врата

контакт-телефон : 9800

Воена полиција

контакт-телефон : 3227-700

Републички пазарен инспектор

контакт-телефон : 975

Матична служба

контакт-телефон : 3117-766

Аеродром Скопје

контакт-телефон : 3148-333

Меѓуградска автобуска станица

контакт-телефон : 2466-011

Железничка станица

контакт-телефон : 3164-255

ПС Аеродром

контакт-телефон : 2432-362; 3142 408

ПС Драчево

контакт-телефон : 2794 111; 2763 330

ПС Кисела Вода

контакт-телефон : 3142 403; 3223 410

Повеќе...

Буџет промени 2009

 

Одлука
 за измени и дополнувања на 
Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година.

На петнаесетата седница на Советот на Општина Аеродром, одржана на 20.10.2009 година, беше усвоена предложената Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година.
Со истата, во Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година со бр.07-1438/33 од 12.03.2009 година, објавен во “Службен гласник на Општина Аеродром“ број 6/09 од 12.03.2009 година, како и Одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година со бр.07-132/4 од 16.06.2009 година, објавенa во “Службен гласник на Општина Аеродром“ број 12/09 од 16.06.2009 година, се вршат одредени измени и дополнувања.

Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година се изготвени врз основ на остварената реализација на приходите согласно кварталните извештаи за извршување на Буџетот на Општина Аеродром кои се однесуваат на трите квартали од 2009-та година, одредените измени кај активностите на секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина до крајот на тековната година, доставените дописи од страна на општинските буџетски корисници за одредени потреби од пренамена на износите по одделни потставки, како и дописот од Министерството за финансии на Република Македонија за намалување на блок дотациите за пренесените надлежности по општини за основно образование и детска заштита.

Во рамките на колоната основен буџет, намалувањето во најголем дел се однесува на потставката 717137 - Надоместок за уредување на градежно земјиште, која од претходните 407.524.107 денари се намалува на износ од 264.757.107 денари.

Со допис доставен од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, бевме известени дека планираните годишни финансиски средства наменети како блок дотации за основно образование и детска заштита, од вкупен износ од 262.171.837 денари се намалуваат на вкупен износ од 258.035.842 денари.

Во колоната на самофинансирачки активности, која се однесува на буџетските корисници на Општина Аеродром, износот останува непроменет.

На расходната страна, измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, во делот на основниот буџет се однесуваат на следните потпрограми: Потпрограмата A0 - Совет на општина, Потпрограмата D0 – Градоначалник, Потпрограма D1 – Месна самоуправа, Потпрограма DА – Месна самоуправа  (Капитални проекти), Потпрограмата Е0 – Општинска администрација, Потпрограмата F1 – Урбанистичко планирање и уредување на просторот, Потпрограмата F2 – Уредување на градежно земјиште, Потпрограмата F3 – Уредување на просторот во рурални подрачја, Потпрограмата FA – Уредување на градежно земјиште (капитален трошок), Потпрограма G1 – Подршка на локален економски развој, Потпрограма GA – Изградба на комерцијални објекти, Потпрограма Ј3 – Јавно осветлување, Потпрограма Ј6 – Одржување и заштита на локални патишта, Потпрограма Ј7 – Одржување и користење на паркови и зеленило, Потпрограма Ј8 – Други комунални услуги, Потпрограма Ј9 – Одржување на простори за паркирање, Потпрограмата JА – Изградба на јавно осветлување, Потпрограмата JD – Изградба и реконструкција на локални патишта и улици, Потпрограмата ЈЕ – Изградба на простор за паркирање, Потпрограма ЈF – Изградба на сообраќајна сигнализација, Потпрограмата JG – Изградба на системи за водоснабдување, Потпрограмата JI – Изградба на системи за одведување и пречистување, Потпрограмата JN – Урбана Опрема (капитални расходи), Потпрограмата КА – Културни манифестации и творештва (Капитални трошоци), Потпрограмата LA – Спорт и рекреација (Капитални трошоци), Потпрограмата V1 - Детски градинки, Потпрограмата N1 – Основно образование, како и Потпрограмата RA – Заштита на животна средина и природа (Капитални трошоци).

Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, во рамките на колоната блок дотации се однесуваат на програмите на општинските буџетски корисници, поточно Програмата V - Социјална заштита и заштита на децата, Потпрограмата V1 - Детски градинки, како и Програмата  N – Основно образование, Потпрограмата N1 – Основно образование.

Со наведените измени и дополнувања, Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, кој го вклучува основниот буџет, самофинансирачките активности, донациите, како и блок дотациите, во вкупен износ се намалува од 1.020.343.416 денари на износ од 869.422.421  денари.

 

Приходи (47.7 kB)

Расходи (60.0 kB)

Посебен дел (218.2 kB)

Назад