Буџет за 2011
Буџет на Општина Аеродром за 2011 година
Буџетот на Општина Аеродром е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија со бр.05-6910/1 од 01.10.2010 година, во кои се содржани главните насоки за изготвување на општинскиот буџет за 2011 година.
Буџетската пресметка ја планира и одобрува градоначалникот на Општината врз основа на:
- примарниот обем на изворни приходи и други приливи за финансирање на локалните работи од јавно значење;
- инвестиционите програми на општината;
- предлозите од граѓаните кои живеат на подрачјето на општината;
- предлозите на стопанските субјекти кои имаат седиште на подрачјето на општината;
- интересот на граѓаните и стопанските субјекти за сопствените и заедничките потреби и развојот на општината;
- проекциите за активностите кои се планираат да се извршат во 2011 година, дадени од страна на секторите и одделенијата во Општина Аеродром.
Буџетот на Општина Аеродром за 2011 година е дефиниран како годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства во кој се вклучени Основниот буџет, Буџетот на самофинансирачки активности, Буџетот на блок дотации и Буџетот на донации.
Имајќи ја во предвид наведената дефиниција за процесот на буџетирање со Буџетот на Општина Аеродром се врши распоредување на изворите на финансирање наспроти низата потреби и побарувања. Меѓутоа, со буџетот за 2011 година се задоволуваат и теоретските постулати на процесот на буџетирање, а пред сè:
Остварувањето на основните функции на органите на општината;
- Процесот на буџетирање да претставува начин на управување со локалниот економски развој;
- Процесот на буџетирање да претставува начин за утврдување на приоритетите;
- Процесот на буџетирање да претставува начин на контрола на наменското користење на средствата на корисниците одобрени во Буџетот на Општината.
Изготвувањето на Буџетот на Општина Аеродром за 2011 година е во согласност со новитетите кои се однесувааат на воведувањето на развојниот дел на буџетот, поточно среднорочниот (тригодишен) план на програмите за развој, промените настанати во програмската класификација, како и изготвувањето на буџетот за наредните три години.
Во апликацијата за изработка на општинскиот буџет е воведено поглавието за планирање на развојните програми со задолжително тригодишно планирање на приходите и расходите, кои по усвојувањето од страна на општинските совети стануваат составен дел од општинските буџети.
Планот на програмите за развој ги содржи среднорочните проекции на планираните развојни активности за секоја фискална година одделно.
Овие активности, одделно се внесуваат во посебните обрасци В1 во кои за секоја од нив детално се опишуваат: надлежноста, програмата, потпрограмата, целта на развојната програма, активностите кои се планираат, очекуваните резултати и ефекти, ризици и претпоставки, датум на отпочнување и завршување на проектот, како и финансиска конструкција на истите.
Прибраните податоци се сублимираат и истите се доставуваат до советот на општината на усвојување. По усвојувањето развојните програми стануваат составен дел на Предлог буџетот на општината, во рамките на развојниот дел.
Општинските буџети започнувајќи со Буџетот за 2011 година, ќе бидат со следната структура:
§ Општ дел;
§ Посебен дел и
§ Развоен дел.
Следната промена е настаната кај програмската класификација, при што се користи новиот начин на воведување на програми и потпрограми во општинските буџети. Кај класификациите се воведени табели за надлежности, компоненти, нивоа на студии, типови на договори и извори на финансирање.
Во делот на подготовката на општинските буџети се користат и табели за втор и трет буџет со соодветни биланси за приходи и расходи.
|
ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ - ПРИХОДИ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ |
Планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина Аеродром во Буџетот за 2011 година изнесуваат 1.456.475.331 денари.
Приходите на Буџетот на Општината за 2011 година се планирани согласно направената анализа на историските податоци и досегашниот тренд на наплата на разните групи на приходи, како и предвидувањата за очекуваните приходи од надоместокот за уредување на градежното земјиште, приходи од продажба на земјиште во сопственост на Р.Македонија, даноците на имот, донациите, блок дотациите за основните училишта и детските градинки и другите трансфери од Буџетот на Република Македонија за 2011 година.
|
71 |
Даночни приход |
709.195.060 |
|
72 |
Неданочни приходи |
109.050.400 |
|
73 |
Капитални приходи |
317.250.000 |
|
74 |
Трансфери и донации |
320.979.871 |

Од графичкиот приказ може да се заклучи дека најголемо учество во вкупните приходи од 48,69% имаат даночните приходи кои претставуваат и основа за финансирање на функциите на општината, неданочните приходи учествуваат со 7,5%, капиталните приходи учествуваат со 21,8%, додека со значителен дел од 22,04% учествуваат и приходите од трансфери и донации.
|
ПЛАНИРАНИ БУЏЕТСКИ РАСХОДИ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ |
Планирани расходи на Општина Аеродром за 2011 година, вкупно изнесуваат 1.456.475.331 денари и со тоа се запазува буџетското правило на балансирани приходи и расходи. Согласно економската класификација истите се утврдени по одделни намени и видови.
|
|
ВКУПНИ РАСХОДИ |
|
|
40 |
Плати и надоместоци |
283.254.931 |
|
41 |
Резерви и недефинирани расходи |
6.000.000 |
|
42 |
Стоки и услуги |
394.540.400 |
|
46 |
Субвенции и трансфери |
12.260.000 |
|
48 |
Капитални расходи |
760.420.000 |

Од графичкиот приказ може да се констатира дека учеството на капиталните расходи изнесува 52,2% со што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и одржување на постојната инфраструктура, како и подобрување на вкупните јавни услуги.
Во делот на расходите за стоки и услуги на кои отпаѓаат 27,1%, покрај тековните расходи за функционирање на општината се содржани и расходите за финансирање на комуналните услуги и тековното одржување на основното образование и детската заштита.
Во Буџетот на Општина Аеродром за 2011 година, со дел од 19,4% од вкупните расходи се обезбедени средства за плати и надоместоци за вработените во Општината, градоначалникот на Општината, членовите на Советот на Општината, како и вработените во општинските буџетски корисници кои по влезот на општината во втората фаза од фискалната децентрализација се финансираат преку блок дотации.
Останатите расходи се однесуваат на резерви и недефинирани расходи со 0,4% и расходи за субвенции и трансфери со 0,8% од вкупните расходи.
ФИНАНСИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ СПОРЕД ПРОГРАМИТЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЗА 2011 ГОДИНА
Финансирањето на активностите според програмите на Буџетот на Општина Аеродром за 2011 година е следен:
|
A |
СОВЕТ НА ОПШТИНА |
24.600.000 |
|
D |
ГРАДОНАЧАЛНИК |
10.468.000 |
|
E |
ОПШТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА |
85.190.000 |
|
F |
УРБАНИСТИЧКО ПЛАН. И УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ |
270.950.000 |
|
G |
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ |
1.300.000 |
|
J |
КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ |
628.720.000 |
|
K |
КУЛТУРА |
21.400.000 |
|
L |
СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА |
900.000 |
|
V |
СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА |
140.153.331 |
|
N |
ОБРАЗОВАНИЕ |
271.494.000 |
|
R |
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРИРОДА |
1.300.000 |
|
|
Вкупно: |
1.456.475.331 |
За подобар преглед на оваа табела во прилог е даден следниот графикон од којшто може да се анализираат вкупните планирани трошоци по соодветни програми:






