СТАРТУВАА ОБУКИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И БИЗНИС РАЗВОЈ
22.11.2011 14:51
Вчера, 21.11.2011 година, во ОУ „Блаже Конески“ стартуваа 17 бесплатни обуки за професионален развој за 300 жители на Општина Аеродром.
Под мотото „Напредок и успех“, обуките ги реализира Општина Аеродром и невладината организација „Линк Акрос“.
Обуките, кои ќе се одвиваат во основните училишта во Општина Аеродром, поделени во две категории - за професионален и за бизнис развој, се реализираат во рамки на проектот „Стекнување и усовршување на професионални вештини, знаења и личен развој на граѓаните во Општина Аеродром“.
Обуките за професионален развој се бесплатни, додека за оние за бизнис развој се плаќа симболична сума. Граѓаните по завршената обука ќе добијат соодветен сертификат.
Инаку, бројот на кандидати кои ќе ги следат обуките е веќе пополнет.


22.11.2011
Општина Аеродром





