ВО ПОНЕДЕЛНИК 54-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
05.10.2011 12:33
Во понеделник, 10.10.2011 година, со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 54-та (педесет и четвртата) седница на Советот на Општина Аеродром.
На дневниот ред на седницата се следните точки:
- Предлог - Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барањa за отпремнина за пензионирање
- Предлог-Правилник за измена и дополна на Правилникот со критериуми за доделување парична помош, поддршка и спонзорства
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучок на дистрибутивна мрежа помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, на локација со адреса на бул. „АВНОЈ“ бб во близина на МЗТ сала, населба 13 Ноември;
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучок на електродистрибутивна мрежа за стандардни приклучоци, за објект со адреса на бул. „Јане Сандански“ број 3 и 5
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за снабдување на дистрибутивна мрежа, помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, на локација со адреса на бул. „Јане Сандански“ бр 3 и 5 во населба 13 Ноември
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за снабдување на дистрибутивна мрежа, помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, на локација со адреса на препумпна станица во Горно Лисиче
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај од одделение за урбанизам број 23-11994/1 од 03.10.2011 година
- Предлог-Заклучок за усвојување на програма за организирање екскурзии на ОУ „Браќа Миладиновци“
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ЈДГОА “Срничка” за 2010/2011 година
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ЈДГОА “Срничка” за 2011/2012 година.
05.10.2011
Општина Аеродром





