ВО ВТОРНИК 55-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
25.11.2011 10:25
Во вторник, 29.11.2011 година, со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 55-та седница на Советот на Општина Аеродром.
На дневниот ред на седницата се следните точки:
- Предлог-План за измена и дополна на Планот за јавни набавки на Општина-Аеродром за 2011 година
- Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барањa за отпремнина за пензионирање
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за третиот квартал за 2011 година
- Предлог-Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Аеродром за 2011 година
- Предлог-План на Програми за развој на Општина Аеродром за периодот 2012 и 2014 година
- Предлог-Одлука за доделување спонзорство на Кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје Аеродром“
- Предлог-Одлука за задолжување на Комисијата за донации и спонзорства за распишување на јавен оглас за доделување на донации за афирмација на спортот во Општина Аеродром
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за послуга, помеѓу Општина Аеродром и Сојуз на литературни преведувачи, Скопје
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор помеѓу Општина Аеродром и Министерството за животна средина и просторно планирање
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучок на дистрибутивна мрежа, помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, на локација со адреса на булевар „Јане Сандански“ број 108
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучок на дистрибутивна мрежа, помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, на локација со адреса на улица „Владимир Комаров“ број 2, 4, 6 и 8
- Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучок на дистрибутивна мрежа, помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, на локација со адреса на улица „Владимир Комаров“ број 8 и 12
- Предлог-Одлука за донесување на изменување и дополнување на Детален урбанистички план за локалитет Реонски Центар Урбана единица А Блок 1 и 2
- Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови, за корекција во донесен ДУП за локалитет Јане Сандански УЕ Г
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ЈДГОА „Буба Мара“ за 2010/2011 година
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ЈДГОА „Буба Мара“ за 2011/2012 година.
25.11.2011
Општина Аеродром





