АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
15.02.2012 13:38
Утре, 16.2.2012 година (четврток), во 14:00 часот, амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс ќе ја посети Општина Аеродром и ќе одржи работна средба со градоначалникот Ивица Коневски.
Ги покануваме редакциите на пишаните и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
15.2.2012
Општина Аеродром





