Информации

Полиција

контакт-телефон : 192

Брза помош

контакт-телефон : 194

Противпожарна бригада

контакт-телефон : 193

Центар за известување и тревожење

контакт-телефон : 195

АМСМ-помош на патишта

контакт-телефон : 987

Информации

контакт-телефон : 188

Будење

контакт-телефон : 180

Точно време

контакт-телефон : 95

Телеграми

контакт-телефон : 96

ЕМС услуга Врата до врата

контакт-телефон : 9800

Воена полиција

контакт-телефон : 3227-700

Републички пазарен инспектор

контакт-телефон : 975

Матична служба

контакт-телефон : 3117-766

Аеродром Скопје

контакт-телефон : 3148-333

Меѓуградска автобуска станица

контакт-телефон : 2466-011

Железничка станица

контакт-телефон : 3164-255

ПС Аеродром

контакт-телефон : 2432-362; 3142 408

ПС Драчево

контакт-телефон : 2794 111; 2763 330

ПС Кисела Вода

контакт-телефон : 3142 403; 3223 410

Повеќе...

Градоначалникот Трајановски ја посети Општина Аеродром

02.12.2011 13:20

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорите на градските јавни претпријатија, вчера, 1.12.2011 година, ја посети Општина Аеродром, при што оствари работна средба со градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, со раководителите на општинската администрација, како и со секретарите на урбаните и на месните заедници.

Целта на посетата беше да се зајакне соработката меѓу Градот Скопје и Општина Аеродром во реализирање на капиталните проекти и да се договорат идните заеднички проекти.

Исто така, преку овие средби им се дава можност на  граѓаните преку месните и урбаните заедници да даваат сугестии за проекти коишто би влегле во Буџетот на Град Скопје за 2012 година.

Меѓу проблемите што ги изнесоа секретарите на урбаните и на месните заедници пред скопскиот градоначалник се најдоа прашањата за кучињата скитници, зголемување на издашноста на бунарите со кои се полева зеленилото на јавните површини, сечењето дрвја, поставување настрешници на автобуските постојки, продолжување на редовната автобуска линија од Горно до Долно Лисиче, подобрување на водоснабдувањето во руралните делови и замена на украдените шахти.

За барањата за сечење дрвја, кои пречат во секојдневното живеење на граѓаните, градоначалникот Трајановски рече дека е потребно да имаат печат од заедницата на сопственици (куќните совети), додека за настрешниците на автобуските постојки, тој изјави дека наредната година тие целосно ќе се реконструираат.

Што се однесува до крадењето шахти, што во последно време стана редовна појава, на средбата беше речено дека ЈП „Улици и патишта“ веќе ги има заменето со нови, а за пријавување на евентуално нови вакви случаи граѓаните можат да го користат бесплатниот телефон 0800 22 555.

Инаку, посетата на градоначалникот Трајановски на Општина Аеродром е во рамките на шестиот циклус посети на скопските општини.

tl_files/novosti2011/poseta/0212/koce1.jpg

tl_files/novosti2011/poseta/0212/koce1.jpg

2.12.2011

Општина Аеродром

Назад