Информации

Полиција

контакт-телефон : 192

Брза помош

контакт-телефон : 194

Противпожарна бригада

контакт-телефон : 193

Центар за известување и тревожење

контакт-телефон : 195

АМСМ-помош на патишта

контакт-телефон : 987

Информации

контакт-телефон : 188

Будење

контакт-телефон : 180

Точно време

контакт-телефон : 95

Телеграми

контакт-телефон : 96

ЕМС услуга Врата до врата

контакт-телефон : 9800

Воена полиција

контакт-телефон : 3227-700

Републички пазарен инспектор

контакт-телефон : 975

Матична служба

контакт-телефон : 3117-766

Аеродром Скопје

контакт-телефон : 3148-333

Меѓуградска автобуска станица

контакт-телефон : 2466-011

Железничка станица

контакт-телефон : 3164-255

ПС Аеродром

контакт-телефон : 2432-362; 3142 408

ПС Драчево

контакт-телефон : 2794 111; 2763 330

ПС Кисела Вода

контакт-телефон : 3142 403; 3223 410

Повеќе...

УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ ОД АЕРОДРОМ УЧАТ КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ ПРОЕКТИ ЗА ШТЕДЕЊЕ ЕНЕРГИЈА

02.07.2010 10:16

 

Во седумте основни училишта во Општина Аеродром почна проект за обука на наставните кадри од природните науки и на учениците на тема енергија, клима и животна средина, кој ќе трае 9 месеци.

Во рамки на проектот наставниците ќе добијат на располагање апликативни алатки за подобрување на квалитетот на наставата по природните науки, додека учениците ќе имаат дополнителни часови, преку кои треба да им се подигне нивото на свеста за проблемите од областа на животната средина.

Целта на проектот „Градење на капацитетите на учениците и наставниците по природни науки од основните училишта во Општина Аеродром“ е училиштата да се подготват за вклучување во меѓународниот конкурс за ученички проекти од областа за заштеда на енергија во рамки на училишниот проект за употреба на енергија и ресурси (СПАРЕ).

Преку овој проект училиштата од Аеродром, исто така, ќе добијат можност да се вклучат во меѓународната СПАРЕ мрежа на училишта, да добијат пристап до најдобрите практики при спроведувањето на наставните содржини од област на животната средина и да ги трансформираат глобалните прашања во практични активности на учениците и граѓаните.

novosti/obrazovanie/energetska_efikasnost.jpg

Инаку, проектот се реализира преку здружението на граѓани „Проактива“, со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно панирање.

 

Назад