ИСПРАВКА
НА
ОТВОРЕН ПОВИК БР. 11/2006
за вршење на дератизација
на територијата на Општина Аеродром
објавен во Службен весник бр.25 од 03.03.2006 година
(ЗАБРЗАНА ПОСТАПКА)
Отворениот јавен повик бр.11/2006 за вршење дератизација на територијата на Општина Аеродром - Скопје, објавен во Службен весник бр.25 од 03.03.2006 година, се менува точка 5, и гласи:
5. ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
5.1. Придружна документација која понудувачот задолжително треба да ја приложи кон понудата:
- доказ за извршена уплата во износ од 500,00 денари на име:
| |
примач: |
трезорска сметка - Буџет на Аеродром |
| |
Банка на примачот: |
НБРМ |
| |
Сметка: |
100 0000000 630 95 |
| |
Сметка на буџетски корисник: |
775016011963011 |
| |
Приходна шифра: |
724125 |
| |
Програма: |
00 |
- извод од судска регистрација на дејноста;
- дозвола за вршење на дејност издадена од Министерство за здравство
- доказ за бонитет на понудувачот издаден од Централниот регистар согласно со Правилникот за содржината на документот за бонитет (Службен весник на РМ бр.32/98 и 55/98);
- доказ дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација (извод од судски регистар за поведена постапка за стечај, потврда од надлежен основен суд ), не постар од шест месеци;
- доказ од надлежен орган дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка на безбедност - забрана на вршење на дејност (извод од судска евиденција/уверение од надлежен основен суд - оддел за прекршоци), не постар од шест месеци;
- потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, не постара од шест месеци.
Сите документи кои ја сочинуваат придружната документација треба да бидат доставени во оригинален примерок или како копија заверена од понудувачот, со исклучок на изводот од судска регистрација на дејноста кој може да се достави како копија.
Странското правно лице, доставува ревизорски извештај, кој треба да биде позитивен и издаден од странска реномирана институција, регисрирана за вршење на ревизија. Ревизорскиот извештај содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот понудувач во последните три години, согласно со член 40 став 5 од Законот за јавни набавки;
Странското правно и физичко лице, документите од потточките 6.1. алинеите 1, 2, 3, 4 и 5 ги доставуваат исто така, кој се издадени од соодветна институција од странство.
5.2. Документи со кој понудувачот, согласно член 41, став 1 од Законот за јавни набавки, ја докажува техничката способност:
- расположива опрема и други физички капацитети потребни за реализација на набавката;
- список на главни испораки на извршени работи во претходнта година , заверен и потпишан од одговорното лице;
- потврда издадена од набавувачот за кого е извршена претходна набавка на работи од ист вид во последните три години за сопственоста, навременоста и квалитетното извршување на набавката од страна на понудувачот,
- изјава за техничкиот персонал кој работи за понудувачот и лица кој ќе бидат одговорни за реализацијата на договорот;
- доказ за поседување на потребни апарати на понудувачот (бројот, типот и марката на апаратите и сл.);
- доказ (сертификати или добиени атести од домашни или меѓународни институти) издадени од надлежни органи организации или други правни лица за контрола на квалитетот со кои ќе се потврди сообразноста на производот, односно на услугата со техничките спецификации или стандардите барани во тендерската документација и дека целокупната понудена опрема е во согласност со стандардите на Р. Македонија, Европските стандарди или со меѓународните стандарди кои се прифатени во Р. Македонија:
- каталози за основните технички карактеристики и упатства за ракување со стоката;
- рекламен , проспектен и друг вид на презентациски материјал за понудената стока;
- писмена изјава за подготвеноста на понудувачот што ќе биде избран за најповолен, испораката да ја врши на место каде ќе побара набавувачот, заверена и потпишана од одговорното лице на понудувачот.
Понудите кој не ги содржат погоренаведените списоци и изјави ќе се сметаат некомплетни и ќе бидат исклучени од понатамошната постапка, односно нема да бидат евалвирани (оценети).
Точките 7 и 8 стануваат точки 6 и 7, а точка10 станува точка 8.
Комисија за јави набавки
Општина Аеродром |