Врз основа на член 30 и член 56 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр.19/2004), Комисијата за јавни набавки Општина Аеродром објавува
ОТВОРЕН ПОВИК- Бр. 11/2006
за вршење на дератизација
на територијата на Општина Аеродром
(ЗАБРЗАНА ПОСТАПКА)
1. НАБАВУВАЧ
Општина Аеродром, со седиште на улица “Венјамин Мачуковски” бр. 6, Скопје, телефон: +389 2 2400-970; факс: +389 2 2401-546.
2.ПОНУДУВАЧИ
Право да поднесе понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за вршење дејност согласно со предметот на набавката.
3.ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
3.1. Вршење на ДДД заштита на територијата на Општина Аеродром;
Набавувачот набавката ќе ја изврши сукцесивно според своите потреби.
Понудувачот треба да достави понуда за предметот на набавката во целост со тендерската документација.
Тендерската документација може да ја подигне овластено лице од страна на понудувачот со приложена уплатинца од денот на објавувањето на Отворениот повик, секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот, во просториите на Општина Аеродром, архива соба број 4.
Понудата на понудувачот која нема да ги содржи сите позиции од тендерската документација ќе се смета за некомплетна и нема да биде разгледувана.
4. СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА
Понудата треба да содржи:
4.1. Име , адреса и седиште на понудувачот;
4.2. Детален опис на предметот на набавка;
4.3. Писмена изјава со која понудувачот кој ќе биде избран за најповолен ќе се обврзе на набавувачот да му достави узорци од материјалот кои ќе бидат набавени, заверена и потпишана од одговорното лице на понудувачот;
4.4. Единечна цена за точка 3.1 по мамец со монтажа, единечна цена по метар2, вкупна цена без ДДВ и вкупна цена со ДДВ, искажана во денари;
4.5. Потврда од надлежни институции дека мамците што ќе се користат не се штетни по човековото здравје и не оставаат последици по истото.
Податоците од точка 4.1 до точка 4.5 треба да се внесат во тендерската документација за потребите на Општината Аеродром на која на секоја страница има печат на набавувачот која е составен дел од понудата.
Понудите кои не ги содржат сите погоре наведени податоци, односно, понудите во кои изнесените податоци не се искажани на бараниот конкретен начин ќе се сметаат за некомплетни ќе бидат исклучени од понатамошната постапка.
5. ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
6.1. Придружна документација која понудувачот задолжително треба да ја приложи кон понудата:
- доказ за извршена уплата во износ од 500,00 денари на име:
| |
примач: |
трезорска сметка - Буџет на Аеродром |
| |
Банка на примачот: |
НБРМ |
| |
Сметка: |
100 0000000 630 95 |
| |
Сметка на буџетски корисник: |
775016011963011 |
| |
Приходна шифра: |
724125 |
| |
Програма: |
00 |
- извод од судска регистрација на дејноста;
- дозвола за вршење на дејност издадена од Министерство за здравство
- доказ за бонитет на понудувачот издаден од Централниот регистар согласно со Правилникот за содржината на документот за бонитет (Службен весник на РМ бр.32/98 и 55/98);
- доказ дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација (извод од судски регистар за поведена постапка за стечај, потврда од надлежен основен суд ), не постар од шест месеци;
- доказ од надлежен орган дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка на безбедност - забрана на вршење на дејност (извод од судска евиденција/уверение од надлежен основен суд - оддел за прекршоци), не постар од шест месеци;
- потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, не постара од шест месеци.
Сите документи кои ја сочинуваат придружната документација треба да бидат доставени во оригинален примерок или како копија заверена од понудувачот, со исклучок на изводот од судска регистрација на дејноста кој може да се достави како копија.
Странското правно лице, доставува ревизорски извештај, кој треба да биде позитивен и издаден од странска реномирана институција, регисрирана за вршење на ревизија. Ревизорскиот извештај содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот понудувач во последните три години, согласно со член 40 став 5 од Законот за јавни набавки;
Странското правно и физичко лице, документите од потточките 6.1. алинеите 1, 2, 3, 4 и 5 ги доставуваат исто така, кој се издадени од соодветна институција од странство.
6.2. Документи со кој понудувачот, согласно член 41, став 1 од Законот за јавни набавки, ја докажува техничката способност:
- расположива опрема и други физички капацитети потребни за реализација на набавката;
- список на главни испораки на извршени работи во претходнта година , заверен и потпишан од одговорното лице;
- потврда издадена од набавувачот за кого е извршена претходна набавка на работи од ист вид во последните три години за сопственоста, навременоста и квалитетното извршување на набавката од страна на понудувачот,
- изјава за техничкиот персонал кој работи за понудувачот и лица кој ќе бидат одговорни за реализацијата на договорот;
- доказ за поседување на потребни апарати на понудувачот (бројот, типот и марката на апаратите и сл.);
- доказ (сертификати или добиени атести од домашни или меѓународни институти) издадени од надлежни органи организации или други правни лица за контрола на квалитетот со кои ќе се потврди сообразноста на производот, односно на услугата со техничките спецификации или стандардите барани во тендерската документација и дека целокупната понудена опрема е во согласност со стандардите на Р. Македонија, Европските стандарди или со меѓународните стандарди кои се прифатени во Р. Македонија:
- каталози за основните технички карактеристики и упатства за ракување со стоката;
- рекламен , проспектен и друг вид на презентациски материјал за понудената стока;
- писмена изјава за подготвеноста на понудувачот што ќе биде избран за најповолен, испораката да ја врши на место каде ќе побара набавувачот, заверена и потпишана од одговорното лице на понудувачот.
Понудите кој не ги содржат погоренаведените списоци и изјави ќе се сметаат некомплетни и ќе бидат исклучени од понатамошната постапка, односно нема да бидат евалвирани (оценети).
7. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ:
- Цена 60 поени
- Квалитет 20 поени
- Начин и рок на плаќање 20 поени
Најповолниот понудувач ќе биде избран согласно со член 50, став 1, алинеа 2 од Законот за јавни набавки
8. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудите треба да се достават најдоцна до денот и часот на јавното отварање на понудите во архивата на Општината Аеродром.
Понудите што ќе се достават по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Понудите треба да бидат доставени на начин пропишан со членовите 78, 79 и 80 од Законот за јавни набавки.
Понудувачот, во согласност со член 78 од Законот за јавни набавки, понудата треба да ја достават во еден оригинален примерок кој треба да биде заверен и потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот.
Понудата и другата документација се доставува во затворен коверт на кој на горниот лев агол треба да стои ознака “НЕ ОТВАРАЈ” (за отворен повик бр. 11/2006), а во средината на ковертот треба да биде назначена точната адреса на набавувачот. Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот – понудувачот. Во запечатаниот коверт треба да има уште два запечатени коверти, едниот внатрешен коверт ја содржи понудата со финансиска документација и носи ознака “ПОНУДА”, а вториот внатрешен коврет ја содржи внатрешната документација и носи ознака “ДОКУМЕНТАЦИЈА” со точна адреса на испраќачот, понудувачот.
Понудите кој не ги содржат сите податоци назначено во огласат, односно кон кој не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат некомплетни и нема да се разгледуваат.
Понудата, во согласност со член 78 од Законот за јавни набавки, можат да се достават преку пошта на адреса: ПФАХ 350, или да се предадат во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, а најдоцна половина час пред јавното отварање на понудите.
Јавното отварање на понудите ќе се изврши на ден 10.04.2006 година во 10.00 часот во просториите на Општина Аеродром ул. Венјамин Мачуковски број 6.
Претставниците на понудувачите кои ќе присусутвуваат на јавното отварање на понудите треба да и предадат на Комисијата за јавни набавки писмено овластување од понудувачот.
10. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
10.1. Секој понудувач може да учествува само со една понуда, што подразбира и неможност за давање на алтернатива во понудата.
10.2. Тендерската може да се подигне со приложен доказ за извршена уплата од 500,00 денари на сметка на Општина Аеродром и истата може да ја подигне само овластено лице од страна на понудувачот,
10.3. Понудите кои нема да пристигнат во наведениот рок, како и оние кои не се изработени во склад со пропозициите на отворениот повик, нема да се разгледуваат.
Комисија за јави набавки
Општина Аеродром
|