ИЗМЕНА
 НА
ОТВОРЕН ПОВИК БР. 12/2006
за набавка на моторни возила за потребите на
Општина Аеродром - Скопје за 2006 година
(ЗАБРЗАНА ПОСТАПКА)

 Во Отворениот јавен повик бр.12/2006 за набавка на моторни возила за потребите  на Општина Аеродром - Скопје, објавен во Службен весник бр.25 од 03.03.2006 година, точките 3, 4 и 9 се менуваат  и  гласат:

3. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА

3.1. Патничко моторно возило со 5 седишта и 4 врати или 5 врати, бензинец;
3.2. Патничко моторно возило со 5 седишта и 4 врати или 5 врати, бензинец;

3.3. Понудувачот треба да достави понуда за предметот на набавката во целост со тендерската документација.

Тендерската документација понудувачите можат да ја подигнат од денот на објавувањето на Отворениот повик, секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот, соба бр. 4, архива на Општина Аеродром, по претходно извршена уплата во износ од         

     - доказ за извршена уплата во износ од 500,00 денари на име:

  примач:  трезорска сметка - Буџет на Аеродром
  Банка на примачот:   НБРМ
  Сметка:  100 0000000 630 95
  Сметка на буџетски корисник: 775016011963011 
  Приходна шифра: 724125
  Програма: 00


3.4. Понудата на понудувачот која нема да ги содржи сите позиции од тендерската документација ќе се смета за некомплетна и нема  да биде разгледувана.
3.5. Предметот на набавката е делив.

4. ОПРЕМА
4.1. За патничко моторно возило со 5 седишта и 4 врати или 5 врати, бензинец, позиција 3.1.:
        4.1.1. Работна зафатнина на мотор од 1300 - 1400 цм3 кубика,
4.1.2. До 80 до 105 КС
4.1.3. Клима уред;
4.1.4. АБС + ЕБВ;
4.1.5. 6 воздушни перничина;
4.1.6. Серво управувач;
4.1.7. Централно заклучување;
4.1.8. Радио со ЦД;
4.2. За патничко моторно возило со 5 седишта и 4 врати или 5 врати, бензинец, позиција 3.2.:
       4.2.1. Работна зафатнина на мотор од 1500 - 1600 цм3 кубика,
4.2.2. До 95 до 115 КС
4.2.3. Клима уред; 
4.2.4. АБС + ЕБВ;
4.2.5. 6 воздушни перничина;
4.2.6. Серво управувач;
4.2.7. Централно заклучување;
4.2.8. Радио со ЦД;                        

            9. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

            Понудите треба да се достават најдоцна половина час пред јавното отварање на понудите во соба бр.4 Архива на Општина Аеродром. Понудите што ќе се достават по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
     Понудата се доставува согласно член 78, 79 и 80 од Законот за јавни набавки.
     Понудувачот во согласност со член 78 од Законот за јавни набавки, понудата треба да ја достави во еден оргинален примерок кој треба да е заверен и потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот.
     Понудата и другата документација се доставува во затворен коверт на кој на горниот лев агол треба да стои ознака “НЕ ОТВАРАЈ” (за Отворен повик бр. 12/2006), а во средината на ковертот треба да биде назначена точната адреса на набавувачот. Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот – понудувачот. Во запечатаниот коверт треба да има уште два запечатени коверти, едниот внатрешен коверт ја содржи понудата со финансиска документација и носи ознака “ПОНУДА”, а вториот внатрешен коврет ја содржи внатрешната документација и носи ознака “ДОКУМЕНТАЦИЈА” со точна адреса на испраќачот, понудувачот.
     Понудата, во согласност со Законот за јавни набавки може да се достави и преку пошта на ПФАХ 350 или да се предаде во соба бр. 4 во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот, а најдоцна до половина час пред отварање на понудата.
     Јавното отварање на понудите ќе се изврши на ден 12.04.2006 година во 12.00 часот во просториите на Општина Аеродром ул. Венјамин Мачуковски бр. 6 Скопје.
     Претставниците на понудувачите кои ќе присуствуваат на јавното отварање на понудите треба да и предадат на Комисијата за јавни набавки писмено овластување од понудувачот.

 

     Комисија за јавни набавки
Општина Аеродром