Врз основа на член 30 и член 56 од законот за јавни набавки (“Службен весник на РМ” број 19/2004), комисијата за јавни набавки на Општина Аеродром – Скопје, објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК БР. 12/2006
за набавка на моторни возила за потребите на
Општина Аеродром - Скопје за 2006 година
(ЗАБРЗАНА ПОСТАПКА)

1. НАБАВУВАЧ
Општина Аеродром, со седиште на улица “Венјамин Мачуковски” бр. 6, 1000 Скопје, телефон: +389 2 2400-970; факс: + 389 2 2401-546.

2. ПОНУДУВАЧИ
Право да поднесе понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за вршење дејност согласно со предметот на набавката.

3. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА

Две патнички моторни возила со 5 седишта и 4 врати, бензинци;

3.1. Понудувачот треба да достави понуда за предметот на набавката во целост со тендерската документација.
Тендерската документација понудувачите можат да ја подигнат од денот на објавувањето на Отворениот повик, секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот, соба бр. 4, архива на Општина Аеродром, по претходно извршена уплата во износ од         

            - доказ за извршена уплата во износ од 500,00 денари на име:

  примач:  трезорска сметка - Буџет на Аеродром
  Банка на примачот:   НБРМ
  Сметка:  100 0000000 630 95
  Сметка на буџетски корисник: 775016011963011 
  Приходна шифра: 724125
  Програма: 00


3.2. Понудата на понудувачот која нема да ги содржи сите позиции од тендерската документација ќе се смета за некомплетна и нема  да биде разгледувана.
3.3. Предметот на набавката не е делив.

4. ОПРЕМА
4.1. За патнички моторни возила со 5 седишта и 4 врати, бензинци:
            4.1.1. Работна зафатнина на мотор од 1300 - 1400 цм3 кубика,
4.1.2. До 100 КС
4.1.3. Клима уред;
4.1.4. АБС + ЕБВ;
4.1.5. 6 воздушни перничина;
4.1.6. Серво управувач;
4.1.7. Централно заклучување;
4.1.8. Радио со ЦД;

5. НАЧИН НА ИСПОРАКА
30 дена од денот на потпишување на договорот.

6. СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА
            Понудата треба да содржи:
            6.1. Име, адреса и седиште на понудувачот, број на жиро-сметка и даночен број;
            6.2. Понудата се изработува во писмен облик и секоја страница од понудата да биде заверена и потпишана од одговорно лице на понудувачот;
            6.3. Понудата треба да ја содржи единечна и вкупна цена во денари без ДДВ, и цена со пресметан ДДВ, име на производителот, марка на возилото, перформанси и опрема на возилото;
            6.4. Понудата треба да содржи рок и начин на испорака;
            6.5. Понудата треба да содржи начин и услови на плаќање;
            6.6. Понудата треба да содржи гарантен рок и период од производителот за набавка на резервни делови;
            6.7. Понудата треба да содржи овластен сервис, назив на сервисот, седиште и документ за овластување од производителот;
            6.8. Понудите кои не ги содржат сите горенаведени податоци, односно понудите во кои изнесените податоци не се искажани на бараниот, конкретен начин ќе се сметаат за некомплетни и ќе бидат исклучени од понатамошна постапка.

7. ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
            7.1. Придружна документација која понудувачот задолжително треба да ја приложи кон понудата:
            - Извод од судска регистрација на дејноста;
            - Дозвола од надлежен орган за работење (дејност) за физичко лице;
            - Документ за бонитет на понудувачот издаден од Централниот регистар согласно Правилникот за содржина на документот за бонитет (“Службен весник на РМ” бр. 32/98 и 55/98);
            - Потврда дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација (извод од судски регистар за поведена постапка за стечај, потврда од надлежен основен суд);
            - Уверение од надлежен орган дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка на безбедност – забрана на вршење на дејност (извод од судска евиденција / уверение од надлежен Основен суд – Оддел за прекршоци);
            - Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;
            Бараната документација не смее да биде постара од 6 (шест) месеци. Сите документи кои ја сочинуваат придружната документација треба да бидат доставена во оргинален примерок или како копија заверена од понудувачот, со исклучок на извод од судска регистрација на дејноста кој може да се достави како копија.
            7.2. Документот со кој понудувачот, согласно член 41, став 1 од Законот за јавни набавки, ја докажува техничката способност, кој треба да содржи:
            - Список на главни испораки во претходната година заверен и потпишан од одговорното лице;
            - Сертификат за потекло и квалитет;
            - Сертификати за други карактеристики на возилото;
            - Изјава дека ќе испорачаат квалитетни возила во согласност со стандардите на Р. Македонија и со меѓународните стандарди прифатени во Р. Македонија.
            Понудите кои не ги содржат сите горенаведени списоци и изјави ќе се сметаат за некомплетни и ќе бидат исклучени од понатамошна постапка, односно, нема да бидат оценети.

 

8. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
           
            - цена                                                                                                              50 поени;
            - квалитет                                                                                                        20 поени;
            - гаранција, сопствен сервис и одржување на резервни делови                        10 поени;
            - начин и услови на плаќање                                                                           10 поени;
            - рок на испорака                                                                                            10 поени;

9. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
            Понудите треба да се достават најдоцна половина час пред јавното отварање на понудите во соба бр.4 Архива на Општина Аеродром. Понудите што ќе се достават по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
            Понудата се доставува согласно член 78, 79 и 80 од Законот за јавни набавки.
            Понудувачот во согласност со член 78 од Законот за јавни набавки, понудата треба да ја достави во еден оргинален примерок кој треба да е заверен и потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот.
            Понудата и другата документација се доставува во затворен коверт на кој на горниот лев агол треба да стои ознака “НЕ ОТВАРАЈ” (за Отворен повик бр. 12/2006), а во средината на ковертот треба да биде назначена точната адреса на набавувачот. Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот – понудувачот. Во запечатаниот коверт треба да има уште два запечатени коверти, едниот внатрешен коверт ја содржи понудата со финансиска документација и носи ознака “ПОНУДА”, а вториот внатрешен коврет ја содржи внатрешната документација и носи ознака “ДОКУМЕНТАЦИЈА” со точна адреса на испраќачот, понудувачот.
            Понудата, во согласност со Законот за јавни набавки може да се достави и преку пошта на ПФАХ 350 или да се предадево соба бр. 4 во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот.
            Јавното отварање на понудите ќе се изврши на ден 05.04.2006 година во 12.00 часот во просториите на Општина Аеродром ул. Венјамин Мачуковски бр. 6 Скопје.
            Претставниците на понудувачите кои ќе присуствуваат на јавното отварање на понудите треба да и предадат на Комисијата за јавни набавки писмено овластување од понудувачот.

10. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
            10.1. Секој понудувач може да учествува само со една понуда, што подразбира и неможност за давање на алтернатива во понудата.
            10.2. Тендерската може да се подигне со приложен доказ за извршена уплата од 500,00 денари на сметка на Општина Аеродром и истата може да ја подигне само овластено лице од страна на понудувачот,
10.3. Понудите кои нема да пристигнат во наведениот рок, како и оние кои не се изработени во согласност со пропозициите на отворениот повик, нема да се разгледуваат.

 

                                                                                                Комисија за јавни набавки