Врз основа на член 30 и член 56 од Законот за јавни набавки (Служ­бен весник на РМ бр.19/04), Комисијата за јавни набавки на Општина Аеродром објавува:

 

ОТВОРЕН ПОВИК БР. 14/2006
за набавка на учебници за учениците од социјално
 загрозени семејства, кои посетуваат основно училиште
на  територијата на Општина Аеродром
(ЗАБРЗАНА ПОСТАПКА)

 

1. НАБАВУВАЧ:
            Општина Аеродром со седиште на улица „Венијамин Мачуковски“ бр. 6, 1000 Скопје телефон +389 2 2400-970 и факс +389 2 2401-546.

2. ПОНУДУВАЧ:
            Право да поднесе понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на набавката.

3. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
            3.1. Набавка на комплет учебници за II (второ) одделение - 37 (триесетиседум) комплети
            3.2. Набавка на комплет учебници за III (трето) одделение - 60 (шеесет) комплети
            3.3. Набавка на комплет учебници за IV (четврто) одделение - 67 (шеесетиседум) комплети
            3.4. Набавка на комплет учебници за V (петто) одделение - 60 (шеесет) комплети
            3.5. Набавка на комплет учебници за VI (шесто) одделение - 51 (педесетиеден) комплет
            3.6. Набавка на комплет учебници за VII (седмо) одделение - 68 (шеесетиосум) комплети
            3.7  Набавка на комплет учебници за VIII (осмо) одделение - 74 (седумдесетичетири) комплети

            Набавувачот набавката ќе ја изврши сукцесивно и во согласност со наставниот план на основните училишта на територијата на Општина Аеродром.
            Набавката е деллива.
            Понудувачот треба да достави тендерска документација во целост со тендерската документација.
            Тендерска документација може да подигне овластено лице од страна на понудувачот со приложување на уплатница и овластување од денот на објавување на Отворениот повик секој ден од 08:00 до 16:00 часот  во просториите на Општина Аеродром, архива соба бр. 4.
            Понудата на понудувачот која нема да биде изработена на тендерска документација дадена од понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
            Набавувачот го задржува правото да ја промени количината на учебници кои ќе се набават.

4. СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА
            Понудата треба да содржи
            4.1. Назив, адреса и седиште на понудувачот;
            4.2. Детален опис на предметот на набавката,
            4.3. Единечна цена за секој учебник од комплетот за точките 3.1, 3.2, 3.3, 3.4, 3.5, 3.6, 3.7, вкупна цена цена на комплет учебници со вкалкулиран ДДВ, искажана во денари.
            4.4  Потврда од надлежни институции и државни органи дека секој учебник од комплетите од 3.1 до 3.7 имаат дозвола да се користат за учебници во основните училишта и дека се во согласнот со наставната програма донесена од Министерство за образование и наука.
           
            Податоците од точките 4.1 до 4.4 треба да се внесат во тендерската документација подигната од Општина Аеродром на која што на секоја страница има печат од набавувачот која е составен дел од понудата.
            Понудите што не ги содржат горенаведените податоци како и понудите во кои изнесените податоци не се искажани на бараниот конкретен начин ќе се сметаат за некомплетни и како такви ќе бидат исклучени.

5. ПРУДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
5.1. Придружна документација која понудувачот          треба задолжително да ја приложи кон понудата:
            - доказ за извршена уплата на 500,00 ден. на име:
           
            Примач:                                                трезорска сметка-
                                                                          Буџет на Општина Аеродром

            Банка на примачот:                             НБРМ
            Сметка:                                                100 000000063095
            Сметка на буџетски корисник:          775016011963011
            Приходна шифра                                724125
            Програма:                                            00

            - извод од судска регистрација на дејноста,
            - доказ за бонитет на понудувачот издаден од Централен регистар согласно Правилникот за содржината на документот за бонитет (Службен весник на РМ бр. 32/98 и 55/98);
            - доказ дека не е отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација (извод од судски регистар за поведена стечајна постапка, потврда од надлежен суд) не постар од 6 (шест) месеци;
            - доказ од надлежен орган дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност  - забрана на вршење на дејност (извод од судска евиденција/уверение од надлежен основен суд  -одделение за прекршоци) не постар од 6 (шест) месеци;
            - потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки не постара од 6 (шест) месеци.
            Сите документи кои што ја сочинуваат придружната документација треба да бидат доставени во оргинален примерок или како копија заверена од страна на овластен нотар, со исклучок на изводот од судска регистрација на дејноста кој може да се достави во копија.
            Странското правно лице доставува ревизорски извештај кој треба да биде позитивен и издаден од странска реномирана институција,  регистрирана за вршење на ревизија. Рeвизорскиот извештај содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот понудувач во последните 3 (три) години, согласно член 40 став 5 од Законот за јавни набавки.
            Странското правно лице документите од подточка 5.1 алинеите 2, 3, 4, 5 и 6 ги доставува  издадени од соодветна институција во странство.
            5.2. Документите со кои понудувачот, согласно член 41 став 1 од  Законот за јавни набавки, ја покажува техничката способност:
            - расположива опрема и други физички капацитети потребни за реализацијата на набавката;
            - список на главни работи извршени работи во претходната година, заверен и потпишан од одговорното лице;
            - потврда издадена од набавувачот за кого е извршена претходна набавка на работи од ист вид во последните три години, за сопственоста, навременоста и квалитетното извршување на набавката од страна на понудувачот,
            - изјава од техничкиот персонал кој работи за понудувачот и лица кој ќе бидат одговорни за реализација на договорот;
            - докази (добиени сертификати) издадени од надлежни органи и институции или правни лица со кои ќе се потврди со кои ќе се потврди сообразноста на учебниците со наставните планови и програми на Министерството за образование и наука.
            - рекламен, проспектен и друг вид на презентациски материјал за понудената стока.
            - писмена изјава за подготвеност на понудувачот да испораката ја врши на место и во време кое ќе го побара набавувачот, заверена и потпишана од страна на одговорното лице на понудувачот.

            Понудите кои не ги содржат горенаведените акти и изјави ќе се сметаат за некомплетни и нецелосни и како такви ќе бидат исклучени од понатамошна постапка, односно нема да бидат евалуирани (оценети).

6. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
            - Цена                                                               50 поени
            - Квалитет                                                       30 поени
            - Начин и рок на плаќање                             10 поени
            - Рок на испорака                                           10 поени
           
            Најповолниот понудувач ќе биде избран согласно со член 50 став 1 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ 19/04)
7. НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
            Понудите треба да се достават најдоцна половина час порано од јавното отварање во Архивата на Општина Аеродром.
            Понудите што ќе се достават по горенаведениот рок нема да бидат разгледувани.
            Понудите треба да бидат доставени на начин пропишан со членовите 78, 79 и 80 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ 19/04).
            Понудувачот согласно член 78 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ 19/04), понудата треба да ја достават во еден оргинален примерок кој што е заверен и потпишан од одговорното лице на понудувачот.
            Понудата и другата документација се доставува во затворен коверт на кој што во горниот лев агол стои ознаката „НЕ ОТВАРАЈ“, а во средината на ковертот треба да стои точната адреса на набавувачот. Ковертот не смее да содржи никаква  ознака со која што би се индентификува понудувачот. Во запечатениот коверт треба да има уште два запечатени коверти од кои едниот внатрешен коверт ја содржи понудата со финансиската документација и носи ознака „ПОНУДА“, додека вториот внатрешен коверт ја содржи внатрешната документацијата и содржи ознака „ДОКУМЕНТАЦИЈА“ со точна адреса на понудувачот.
            Понудите кои не ги содржат сите податои наведени во огласот, односно понудите кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
            Понудата во согласност со член 78 од Законот зајавни набавки (Сл. весник на РМ бр 19/04) може да се достават преку пошта на адреса:
ПФАХ   350 или да се предадат во архивата  на Општина Аеродром секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а најдоцна половина час пред јавното отварање на понудите.
            Јавното отварање на понудите ќе се изврши на ден 18.08.2006 година во 10:00 часот во просториите на Општина Аеродром ул. Венијамин Мачуковски бр.6
            Претставниците на понудувачите кои ќе присуствуваат на јавното отварање на понудите треба да и предадат на Комисијата за јавни набавки писмено овластување од страна на понудувачот.

8. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
            8.1. Секој понудувач може да учествува само со една понуда, што подразбира и неможност за давање на алтернатива во понудата
            8.2  Понудите кои нема да пристигнат во наведениот рок, како и оние кои не се изработени во склад со пропозициите на отворениот повик, односно понудите кои не се изработени на тендерска документација подигната од набавувачот нема да се разгледуваат и ќе бидат исклучени од постапката.

 

Комисија за јавни набавки
Општина Аеродром