Врз основа на член 30 и член 56 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр. 19/04), Комисијата за јавни набавки на Општина Аеродром објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК Бр. 16/06
за склучување на Рамковен Договор за набавка
на автобуси за вршење превоз на еднодневни и
повеќедневни едукативно - рекреативни екскурзии и фотографирање на учениците од основните училишта
на територијата на Општина Аеродром
1. НАБАВУВАЧ
Општина Аеродром со седиште на улица „Венијамин Мачуковски“ бр. 6, 1000 Скопје, телефон: 2400-970; факс: 2401-546.
2. ПОНУДУВАЧ
Право да поднесе понуда има секое домашно и странско правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно предметот за набавка.
3. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА
3.1 Вршење автобуски превоз за еднодневни и повеќедневни едукативно-рекреативни екскурзии на учениците од основните училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Аеродром.
3.2. Вршење на фотографирање на ученици од основните училишта на територијата на Општина Аеродром
Набавувачот набавката ќе ја врши сукцесивно според потребите на основните училишта.
Понудувачот треба да достави понуда за предметот на набавката во целост со тендерската документација.
Тендерска документација може да подигне овластено лице од страна на понудувачот, со приложена уплатница за подигање на тендерска документација, од денот на објавување на Отворениот повик до денот на јавното отварање, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на Општина Аеродром во соба бр.4 - архива.
4. СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА
Понудата треба да содржи.
4.1 Назив, адреса и седиште на понудувачот,
4.2 Детален опис на предметот на набавката.
4.3 Писмена изјава со која понудувачот се обврзува на барање на набавувачот да донесе заверени документи од страна на овластени државни органи и потпишани од страна на одговорното лице на понудувачот, од кои ќе се утврди предметот на набавката.
4.4 Единечна цена за точка 3.1 за автобус без вкалкулиран ДДВ и единечна цена за точка 3.2 за фотографија без вкалкулиран ДДВ..
4.5. Потврда од надлежни државни/општински органи за техничката исправност за предметот на набавка од точка 3.1..
Податоците од точка 4.1 до точка 4.5 треба да се внесат во тендерската документација на Општина Аеродром на која што на секоја страна има печат од набавувачот и која е составен дел од понудата.
Понудите кои што не ги содржат сите горе наведени податоци, односно понудите во кои изнесените податоци не се исказани на бараниот конктретен начин ќе се сметаат за некомплетни и нецелосни и како такви ќе се исклучат од постапката.
5. ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
5.1. Придружна документација која понудувачот треба задолжително да ја приложи кон понудата:
- доказ за извршена уплата на 500,00 ден. на име:
Примач: трезорска сметка-
Буџет на Општина Аеродром
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 000000063095
Сметка на буџетски корисник: 775016011963011
Приходна шифра 724125
Програма: 00
- извод од судска регистрација на дејноста,
- доказ за бонитет на понудувачот издаден од Централен регистар согласно Правилникот за содржината на документот за бонитет (Службен весник на РМ бр. 32/98 и 55/98);
- доказ дека не е отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација (извод од судски регистар за поведена стечајна постапка, потврда од надлежен суд) не постар од 6 (шест) месеци;
- доказ од надлежен орган дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност - забрана на вршење на дејност (извод од судска евиденција/уверение од надлежен основен суд -одделение за прекршоци) не постар од 6 (шест) месеци;
- потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки не постара од 6 (шест) месеци.
Сите документи кои што ја сочинуваат придружната документација треба да бидат доставени во оргинален примерок или како копија заверена од страна на овластен нотар, со исклучок на изводот од судска регистрација на дејноста кој може да се достави во копија.
Странското правно лице доставува ревизорски извештај кој треба да биде позитивен и издаден од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Ревизорскиот извештај содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот понудувач во последните 3 (три) години, согласно член 40 став 5 од Законот за јавни набавки.
Странското правно лице документите од подточка 5.1 алинеите 2, 3, 4, 5 и 6 ги доставува издадени од соодветна институција во странство.
5.2. Документите со кои понудувачот, согласно член 41 став 1 од Законот за јавни набавки, ја покажува техничката способност:
- расположива опрема и други физички капацитети потребни за реализацијата на набавката;
- список на главни работи извршени работи во претходната година, заверен и потпишан од одговорното лице;
- потврда издадена од набавувачот за кого е извршена претходна набавка на работи од ист вид во последните три години, за сопственоста, навременоста и квалитетното извршување на набавката од страна на понудувачот,
- изјава од техничкиот персонал кој работи за понудувачот и лица кој ќе бидат одговорни за реализација на договорот;
- доказ за поседување на потребен број автобуси од точка 3.1 (бројот, типот, марката и годината на производство на автобусите)
- докази (добиени сертификати) издадени од надлежни органи и институции или правни лица за контрола на квалитетот со кои ќе се потврди со кои ќе се потврди сообразноста на автобусите со техничките спецификации и стандарди барани во тендерската документација и дека целокупната опрема е во согласност со стандардите на Р. Македонија или со Европските и меѓународните стандарди прифатени во Македонија.
- каталози за основните технички карактеристики на автобусите;
- рекламен, проспектен и друг вид на презентациски материјал за понудената стока.
- писмена изјава за подготвеност на понудувачот да испораката ја врши на место и во време кое ќе го побара набавувачот, заверена и потпишана од страна на одговорното лице на понудувачот.
Понудите кои не ги содржат горенаведените акти и изјави ќе се сметаат за некомплетни и нецелосни и како такви ќе бидат исклучени од понатамошна постапка, односно нема да бидат евалуирани (оценети).
6. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
- Цена 65 поени
- Квалитет 25 поени
- Начин и рок на плаќање 10 поени
Најповолниот понудувач ќе биде избран согласно со член 50 став 1 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ 19/04)
7. НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудите треба да се достават најдоцна половина час порано од јавното отварање во Архивата на Општина Аеродром.
Понудите што ќе се достават по горенаведениот рок нема да бидат разгледувани.
Понудите треба да бидат доставени на начин пропишан со членовите 78, 79 и 80 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ 19/04).
Понудувачот согласно член 78 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ 19/04), понудата треба да ја достават во еден оргинален примерок кој што е заверен и потпишан од одговорното лице на понудувачот.
Понудата и другата документација се доставува во затворен коверт на кој што во горниот лев агол стои ознаката „НЕ ОТВАРАЈ“, а во средината на ковертот треба да стои точната адреса на набавувачот. Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која што би се индентификува понудувачот. Во запечатениот коверт треба да има уште два запечатени коверти од кои едниот внатрешен коверт ја содржи понудата со финансиската документација и носи ознака „ПОНУДА“, додека вториот внатрешен коверт ја содржи внатрешната документацијата и содржи ознака „ДОКУМЕНТАЦИЈА“ со точна адреса на понудувачот.
Понудите кои не ги содржат сите податои наведени во огласот, односно понудите кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
Понудата во согласност со член 78 од Законот зајавни набавки (Сл. весник на РМ бр 19/04) може да се достават преку пошта на адреса:
ПФАХ 350 или да се предадат во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а најдоцна половина час пред јавното отварање на понудите.
Јавното отварање на понудите ќе се одржи на 28.08.2006 година во 11:30 часот во просториите на Општина Аеродром.
Претставниците на понудувачите кои ќе присуствуваат на јавното отварање на понудите треба да и предадат на Комисијата за јавни набавки писмено овластување од страна на понудувачот.
8. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
8.1. Секој понудувач може да учествува само со една понуда, што подразбира и неможност за давање на алтернатива во понудата
8.2 Понудите кои нема да пристигнат во наведениот рок, како и оние кои не се изработени во склад со пропозициите на отворениот повик, односно понудите кои не се изработени на тендерска документација подигната од набавувачот нема да се разгледуваат и ќе бидат искллучени од постапката.
Комисија за јавни набавки
Општина Аеродром |