Врз основа на член 30 и член 56 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр.19/04), Комисијата за јавни набавки на Општина Аеродром објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК БР. 18/2006
за организирање на активности во месец декември
и организирање на дочек на нова година
(ЗАБРЗАНА ПОСТАПКА)
1. НАБАВУВАЧ:
Општина Аеродром со седиште на улица „Венијамин Мачуковски“ бр. 6, 1000 Скопје телефон +389 2 2400-970 и факс +389 2 2401-546.
2. ПОНУДУВАЧ:
Право да поднесе понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на набавката.
3. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
3.1. Организирање на активности (случувања) во месец декември за одбележување на новата година;
3.2. Организирање на дочек на новата година во Општина Аеродром.
Набавката е деллива.
Понудувачот треба сам да најде спонзори кои што ќе покријат дел од трошците настанати по точките 3.1. и 3.2.
Понудувачот треба да достави тендерска документација во целост со тендерската документација.
Тендерска документација може да подигне овластено лице од страна на понудувачот со приложување на уплатница и овластување од денот на објавување на Отворениот повик секој ден од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Општина Аеродром, архива соба бр. 4.
Понудата на понудувачот која нема да биде изработена на тендерска документација дадена од понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
` 4. СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА
Понудата треба да содржи
4.1. Назив, адреса и седиште на понудувачот;
4.2. Детален опис на предметот на набавката,
4.3. Единечна цена за точките 3.1. и 3.2. и вкупна цена со вкалкулиран ДДВ, искажана во денари.
Податоците од точките 4.1 до 4.3 треба да се внесат во тендерската документација подигната од Општина Аеродром на која што на секоја страница има печат од набавувачот која е составен дел од понудата.
Понудите што не ги содржат горенаведените податоци како и понудите во кои изнесените податоци не се искажани на бараниот конкретен начин ќе се сметаат за некомплетни и како такви ќе бидат исклучени.
5. ПРУДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
5.1. Придружна документација која понудувачот треба задолжително да ја приложи кон понудата:
- доказ за извршена уплата на 500,00 ден. на име:
Примач: трезорска сметка-
Буџет на Општина Аеродром
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 000000063095
Сметка на буџетски корисник: 775016011963011
Приходна шифра 724125
Програма: 00
- извод од судска регистрација на дејноста,
- доказ за бонитет на понудувачот издаден од Централен регистар согласно Правилникот за содржината на документот за бонитет (Службен весник на РМ бр. 32/98 и 55/98);
- доказ дека не е отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација (извод од судски регистар за поведена стечајна постапка, потврда од надлежен суд) не постар од 6 (шест) месеци;
- доказ од надлежен орган дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност - забрана на вршење на дејност (извод од судска евиденција/уверение од надлежен основен суд -одделение за прекршоци) не постар од 6 (шест) месеци;
- потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки не постара од 6 (шест) месеци.
Сите документи кои што ја сочинуваат придружната документација треба да бидат доставени во оргинален примерок или како копија заверена од страна на овластен нотар, со исклучок на изводот од судска регистрација на дејноста кој може да се достави во копија.
Странското правно лице доставува ревизорски извештај кој треба да биде позитивен и издаден од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Рeвизорскиот извештај содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот понудувач во последните 3 (три) години, согласно член 40 став 5 од Законот за јавни набавки.
Странското правно лице документите од подточка 5.1 алинеите 2, 3, 4, 5 и 6 ги доставува издадени од соодветна институција во странство.
5.2. Документите со кои понудувачот, согласно член 41 став 1 од Законот за јавни набавки, ја покажува техничката способност:
- расположива опрема и други физички капацитети потребни за реализацијата на набавката;
- список на главни работи извршени работи во претходната година, заверен и потпишан од одговорното лице;
- потврда издадена од набавувачот како и договор со набавувачот за кого е извршена претходна набавка на работи од ист вид во последните три години, за сопственоста, навременоста и квалитетното извршување на набавката од страна на понудувачот,
- изјава од техничкиот персонал кој работи за понудувачот и лица кој ќе бидат одговорни за реализација на договорот;
- рекламен, проспектен и друг вид на презентациски материјал.
- писмена изјава за подготвеност на понудувачот да испораката ја врши на место и во време кое ќе го побара набавувачот, заверена и потпишана од страна на одговорното лице на понудувачот.
Понудите кои не ги содржат горенаведените акти и изјави ќе се сметаат за некомплетни и нецелосни и како такви ќе бидат исклучени од понатамошна постапка, односно нема да бидат евалуирани (оценети).
6. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
- Цена 50 поени
- Квалитет 40 поени
- Начин и рок на плаќање 10 поени
Најповолниот понудувач ќе биде избран согласно со член 50 став 1 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ 19/04)
7. НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудите треба да се достават најдоцна половина час порано од јавното отварање во Архивата на Општина Аеродром.
Понудите што ќе се достават по горенаведениот рок нема да бидат разгледувани.
Понудите треба да бидат доставени на начин пропишан со членовите 78, 79 и 80 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ 19/04).
Понудувачот согласно член 78 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ 19/04), понудата треба да ја достават во еден оргинален примерок кој што е заверен и потпишан од одговорното лице на понудувачот.
Понудата и другата документација се доставува во затворен коверт на кој што во горниот лев агол стои ознаката „НЕ ОТВАРАЈ“, а во средината на ковертот треба да стои точната адреса на набавувачот. Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која што би се индентификува понудувачот. Во запечатениот коверт треба да има уште два запечатени коверти од кои едниот внатрешен коверт ја содржи понудата со финансиската документација и носи ознака „ПОНУДА“, додека вториот внатрешен коверт ја содржи внатрешната документацијата и содржи ознака „ДОКУМЕНТАЦИЈА“ со точна адреса на понудувачот.
Понудите кои не ги содржат сите податои наведени во огласот, односно понудите кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
Понудата во согласност со член 78 од Законот зајавни набавки (Сл. весник на РМ бр 19/04) може да се достават преку пошта на адреса:
ПФАХ 350 или да се предадат во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а најдоцна половина час пред јавното отварање на понудите.
Јавното отварање на понудите ќе се изврши на ден 20.09.2006 година во 10:00 часот во просториите на Општина Аеродром ул. Венијамин Мачуковски бр.6
Претставниците на понудувачите кои ќе присуствуваат на јавното отварање на понудите треба да и предадат на Комисијата за јавни набавки писмено овластување од страна на понудувачот.
8. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
8.1. Секој понудувач може да учествува само со една понуда, што подразбира и неможност за давање на алтернатива во понудата
8.2 Понудите кои нема да пристигнат во наведениот рок, како и оние кои не се изработени во склад со пропозициите на отворениот повик, односно понудите кои не се изработени на тендерска документација подигната од набавувачот нема да се разгледуваат и ќе бидат исклучени од постапката.
Комисија за јавни набавки
Општина Аеродром |