ОГРАНИЧЕН ПОВИК БР. 04/2006

за прибирање документација за претходно утврдување на
економско-финансиската и техничката способност на понудувачите
(претквалификација) без јавно отворање

 

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

1.1. Набавувачот на Ограничениот повик е Општина Аеродром, со седиште на ул. Венјамин Мачуковски бр. 6, 1000 Скопје.
телефон 2 401-534: факс 2 401-546.

1.2. Предмет на овој Ограничен повик е прибирање документација за претходно утврдување на подобноста (претквалификација) на понудувачите како можни носители на предметот на набавка за:

- Изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување и изградба на НН електрична мрежа;

1.3. Право да достави пријава на Ограничениот повик бр. 04/2006 има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице, кое ќе подигне тендерска документација и кое е регистрирано за вршење дејноста што е предмет на набавката.
1.4. Право да достават пријава имаат и група понудувачи кои склучиле договор за деловно техничка соработка, но во тој случај секој од понудувачите е должен да достави потребна документација што задолжително треба да се приложи кон пријавата, а која што е наведена во Точката 3 од овој повик.
1.5. Отворањето на пријавите ќе се изврши без присуство на понудувачи. Рокот за донесување Одлука за квалификацијата на пријавените понудувачи е најдоцна 60 дена од крајниот рок за доставување понуди.
1.6. Врз основа на писмено барање на заинтересираните понудувачи и по извршена неповратна уплата на 1.000,00 денари, тендерската документација може да се подигне од архива, канцеларијата бр. 4, Општина Аеродром, секој работен ден од 09,00 часот до 15,30 часот.

Неповратната уплата на износ од 1.000,00 денари,  треба да биде уплатена на :

  примач:  трезорска сметка - Буџет на Аеродром
  Банка на примачот:   НБРМ
  Сметка:  100 0000000 630 95
  Сметка на буџетски корисник: 775016011963011 
  Приходна шифра: 724125
  Програма: 00

2.СОДРЖИНА НА ПОВИКОТ:

2.1. Општина Аеродром има потреба од претходно утврдување на економско -финансиска и техничката способност на понудувачи (претквалификација), преку документација врз основа на која што ќе се оцени способноста на понудувачите за извршување на предметната набавка. Потребната документација и доказите за оценување на економско финансиска и техничката способност на понудувачи е наведена во тендерската документација.
2.2. Од понудувачи кои ќе се квалификуваат ќе се побара понуда за извршување на предметот на набавка.

3. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ШТО ПОНУДУВАЧОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ЈА ПРИЛОЖИ КОН ПРИЈАВАТА:

Дадено во тендерска документација.
           
4. МИНИМУМ УСЛОВИ ЗА КВАЛИФИКАЦИЈА:
           
Дадено во тендерска документација.

5. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА:

5.1. Рокот за доставување пријави (документација) изнесува 37 дена сметано од денот на објавување во средствата за информирање и во „Службен весник на РМ”.
5.2. Документацијата и другите податоци што ќе пристигнат во архивата на Општина Аеродром по истекот на крајниот рок, документацијата и другите податоци кои нема да бидат изработени според барањата на овој повик како и оние што ќе бидат несоодветно комплетирани нема да бидат разгледувани.
5.3. Документацијата  и другите податоци се доставуваат во затворен плик, кој што во горниот лев агол треба да носи ознака не отворај, како и број на ограничен повик. Ковертите не треба да содржат никакви ознаки со кои би можеле да се идентификуваат понудувачите.
5.4. Документацијата и другите податоци, во согласност со член 78 од Законот за јавни набавки, можат да се достават преку пошта, на адреса улица „Венјамин Мачуковски” бр. 6 или да се предадат во архива, канцеларија бр.4, Општина Аеродром (најдоцна до 15.30 часот секој работен ден).

6. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

  1. Документацијата што нема да биде доставена во утврдениот рок и која нема да биде изработена според барањата содржани во повикот како и несоодветно комплетирана документација, нема да се разгледува.
  2. Тендерската документација може да се подигне само со приложена уплатница од 1.000,00 денари. Подигнувањето на тендерската документација може да го изврши само овластено лице од страна на Понудувачот.
  3. Дополнителни појаснувања можете да добиете на телефон: 2 401-525 Општина Аеродром.

 

           

                        КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ