Iaiaoa i?aai ia iiaoi?ii aeana?a

gsc

gsc

Добре дојдовте во

Општина Аеродром

Со Законот за новата територијална поделба од август 2004 година, се формира новата Општина Аеродром, која во минатото беше во склоп на Општината Кисела Вода. Формирана е на 12-ти април 2005 година, кога за првпат е одржана седница на Советот на општината.

ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВО НОВО ЛИСИЧЕ ЌЕ ДОБИЕ РЕНОВИРАНИ И ОПРЕМЕНИ УЧИЛНИЦИ ПО ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за претстојната учебна 2009/2010 година ќе добие реновирани и опремени училници по техничко образование.

Станува збор за донација во вредност од околу 5.000 евра од УСАИД, која го одбра ова училиште како резултат на добрата соработка со Општина Аеродром.

За таа цел, денеска, 23.7.2009 година, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, директорот на проектот на УСАИД за основно образование ПЕП, Кит Прентон и директорот на училиштето, Раде Жегарац, потпишаа Меморандум за разбирање.

Со овој Меморандум, УСАИД/ПЕП ќе ја преземе одговорноста за набавка, транспорт и поставување нов мебел, нов под, нова влезна врата во училницата, како и за поправка на постојните ѕидови, а ќе обезбеди и соодветни алати и материјали за реализација на курикулумот по техничко образование.

Општина Аеродром и УСАИД/ПЕП ќе продолжат да ја негуваат и без тоа добрата соработка.




23.7.2009

Општина Аеродром


Името е добиено по воениот аеродром (кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”) кој бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941г.
© Општина Аеродром, 2006