ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПРВАТА УЧИЛНИЦА ПО РОБОТИКА ВО ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“
Претставници од Општина Аеродром заедно со претставници од Проектот за основно образование на УСАИД, како и од американската амбасада денеска, 20.10.2009 година, свечено го пуштија во употреба новиот кабинет по роботика во основното училиште „Лазо Ангеловски“.
Во новиот кабинет учениците од осмите одделениија, кои беа поделени во четри групи – роботичари, таканаречени Alice програмери, конструктори и компјутерска автоматика, ги презентираа своите знаења и способности од областа на најновите технологии и роботиката.
По завршувањето на презентациите следуваше панел дискусија меѓу присутните претставници, учениците, наставниците и родителите.
Реновирањето и опремувањето на новата училница по техничко образование се спроведе со средства на Општина Аеродром и со донација од УСАИД.
20.10.2009
Општина Аеродром