Iaiaoa i?aai ia iiaoi?ii aeana?a

gsc

gsc

gsc

Добре дојдовте во

Општина Аеродром

Со Законот за новата територијална поделба од август 2004 година, се формира новата Општина Аеродром, која во минатото беше во склоп на Општината Кисела Вода. Формирана е на 12-ти април 2005 година, кога за првпат е одржана седница на Советот на општината.

Според м-р Тодор Стојановски


АЕРОДРОМ – ОПШТИНА КОЈА БИ МОЖЕЛА САМА ДА СЕ ОДРЖУВА

Според магистерот за изградена околина, дипломираниот инженер архитект, Тодор Стојановски, Општина Аеродром, како најурбана и најмодерна општина, има доволно ресурси во иднина да може сама да се одржува, што во основа значи дека општината ќе нема потреба ниту да увезува.

На предавањето на тема „Одржлив развој на Општина Аеродром“, што се одржа на 22.10.2008 година во просториите на Општината, м-р Стојановски изнесе факти за тоа со какви квалитативни и квантитативни ресурси располага Општината, на пример урбанизирана површина, како и онаа што може да се обработува, потоа бројот на жители и колку трошат воздушните и водените ресурси, но и колку отпад произведуваат. Врз база на овие факти, м-р Стојановски изнесе и еден можен модел на развој на Општина Аеродром, според кој општината ќе се развие во самоодржлива до 2052 година.

Според м-р Стојановски, за да се дојде до фаза на самоодржливост на некоја општина, пред сè треба да се тргне од планирање, односно сегашното урбанистичко планирање да се замени со планирање на одржлив развој, што е прифатено секаде во светот. При тоа, како што кажа тој, треба да се земат предвид сите релевантни фактори што влијаат на планирањето на развојот, како што се утврдување на проблемите во соработка со населението, употреба на сценарија во развојното планирање, како и показатели за самоодржливоста на одделните квартови во општините.

Во моделот за одржлив развој изнесен од м-р. Стојановски, од отпадот што го произведуваат нејзините жители, Општина Аеродром ќе биде способна сама да произведува доволно вештачко ѓубриво и компост за производство на храна,; а притоа да не извезува отпад.



24.10.2008

Скопје

Името е добиено по воениот аеродром (кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”) кој бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941г.
© Општина Аеродром, 2006