Информации

Полиција

контакт-телефон : 192

Брза помош

контакт-телефон : 194

Противпожарна бригада

контакт-телефон : 193

Центар за известување и тревожење

контакт-телефон : 195

АМСМ-помош на патишта

контакт-телефон : 987

Информации

контакт-телефон : 188

Будење

контакт-телефон : 180

Точно време

контакт-телефон : 95

Телеграми

контакт-телефон : 96

ЕМС услуга Врата до врата

контакт-телефон : 9800

Воена полиција

контакт-телефон : 3227-700

Републички пазарен инспектор

контакт-телефон : 975

Матична служба

контакт-телефон : 3117-766

Аеродром Скопје

контакт-телефон : 3148-333

Меѓуградска автобуска станица

контакт-телефон : 2466-011

Железничка станица

контакт-телефон : 3164-255

ПС Аеродром

контакт-телефон : 2432-362; 3142 408

ПС Драчево

контакт-телефон : 2794 111; 2763 330

ПС Кисела Вода

контакт-телефон : 3142 403; 3223 410

Повеќе...

ИСТОРИЈА НА ОПШТИНАТА

tl_files/content/no2-tn.jpg  tl_files/content/no3-tn.jpg

Името на Oпштината е добиено по воениот аеродром (кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”), кој бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година.

Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќајот во Скопје. Аеродромот бил наречен „Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населбаАеродром“.

Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29”, а превезувал 5 патници.

Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале од Скопје во 07:00 часот наутро.

 

Прв пилот бил М. Јерошенко

Есента во 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи на Зајчев рид и во стариот Аеродром.Покана од аеродромот „Скопје“ до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија во 1938 годинаПосетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион.

tl_files/content/no5-tn.jpg

 

Како куриозитет старите скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

Во 1937 година, во договор со авионското друштво „Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и со странство. Со оваа линија стигнувал и весникот „Правда” од Белград. 

tl_files/content/no6-tn.jpg

 

Од 1924 до 1931 година се одржувале фудбалски натпревари помеѓу маалата. Клубот „Славија” бил формиран од трите спортски клубови „Југ”, „Победа” и „Славија”, кои настапувале под името Железнички клуб „Славија” ЖКС.

tl_files/content/no7-tn.jpg