Информации

Полиција

контакт-телефон : 192

Брза помош

контакт-телефон : 194

Противпожарна бригада

контакт-телефон : 193

Центар за известување и тревожење

контакт-телефон : 195

АМСМ-помош на патишта

контакт-телефон : 987

Информации

контакт-телефон : 188

Будење

контакт-телефон : 180

Точно време

контакт-телефон : 95

Телеграми

контакт-телефон : 96

ЕМС услуга Врата до врата

контакт-телефон : 9800

Воена полиција

контакт-телефон : 3227-700

Републички пазарен инспектор

контакт-телефон : 975

Матична служба

контакт-телефон : 3117-766

Аеродром Скопје

контакт-телефон : 3148-333

Меѓуградска автобуска станица

контакт-телефон : 2466-011

Железничка станица

контакт-телефон : 3164-255

ПС Аеродром

контакт-телефон : 2432-362; 3142 408

ПС Драчево

контакт-телефон : 2794 111; 2763 330

ПС Кисела Вода

контакт-телефон : 3142 403; 3223 410

Повеќе...

АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА АЕРОДРОМ

16.02.2012 15:33

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, денес, 16.2.2012 година, ја посети Општина Аеродром и одржа работна средба со градоначалникот Ивица Коневски.

Градоначалникот Коневски и амбасадорот Волерс на средбата разговараа за приоритетите активности и проекти кои ги презема Општина Аеродром за подобрување на животот на граѓаните, а беа презентирани и можностите за инвестирање, поточно потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината.

„Општина Аеродром работи на многу проекти и програми кои се главно од областа на културата, спортот, образованието“ изјави градоначалникот Коневски, додавајќи дека токму партнерската поддршка од други земји во реализацијата на овие проекти е добродојдена.

Амбасадорот Волерс изјави дека американската амбасада во Скопје е силен поддржувач на локалната самоуправа во Република Македонија. Тој посочи дека амбасадата на САД преку УСАИД има одлична соработка со Општина Аеродром во реализацијата на проектите кои ги спроведуваат за македонските граѓани.

Општина Аеродром досега има реализирано неколку заеднички проекти со УСАИД, и тоа, реновирање на покривот на ОУ „Гоце Делчев“ и отворање кабинет по роботика во училиштата „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ кои се реализираа во соработка со УСАИД ПЕП.

Минатата година Општина Аеродром потпиша меморандум за соработка со УСАИД КАРАНА Корпорација при што беа одржани 5 презентации за мали и средни претпријатија за алтернативни извори на финансирање, додека со американската „ЛинкАкрос“ во тек се 17 обуки за невработени, како и за мали средни претпријатија.

tl_files/novosti2012/zivot/1602/ambasador1.jpg

tl_files/novosti2012/zivot/1602/ambasador1.jpg 

tl_files/novosti2012/zivot/1602/ambasador1.jpg 

16.2.2012

Општина Аеродром

Назад