ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „БУБА МАРА“ ВО ПОСЕТА НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА „АЕРОДРОМ“
08.05.2012 13:50
По повод 7-ми мај, „Денот на полицијата“, децата од големите групи од градинката „Буба Мара“ ја посетија полициската станица „Аеродром“ и им го честитаа празникот на вработените.
Покрај дружењето со вработените, децата ги посетија просториите и го разгледаа возниот парк на полициската станица, како и опремата со која располагаат полициските службеници.


8.5.2012
Општина Аеродром








