ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРОТИВ ПОЛОВАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА!
21.02.2012 13:48
Комисијата за родова еднаквост при Советот на Општина Аеродром и координаторот за еднакви можности на жените и мажите ги повикува заинтересираните граѓани, кои сметаат дека се дискриминирани врз основа на полот подетално да се запознаат со своите законски права со тоа што ќе се обратат до надлежните институции во Министерството за труд и социјална работа или во Општина Аеродром.
Ова произлегува од новиот Закон за еднакви можности на жените и мажите, кој неодамна стапи на сила (13.1.2012 година, „Службен весник на РМ“ број 6), со кој поригорозно се забранува и казнува секаков вид дискриминација врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областа на вработувањето и трудот, образованието, социјалната сигурност, културата, спортот и друго.
Исто така граѓаните, организациите на жени, како и други невладини организации и здруженија можат да се вклучат во активностите за постигнување родова рамноправност и да дадат свој придонес во нивната реализација.
Лице за контакт е Јелена Пејановиќ, координатор за еднакви можности на жените и мажите во Општина Аеродром со контакт телефон 2401 517 и 2400 970.
Инаку, Законот се однесува на обезбедување еднакви можности на жените и мажите во политичката, економската, образовната област како и во сите други сфери од општествениот живот со цел да се подигне квалитетот на животот.

21.2.2012
Општина Аеродром





