СЕ ОДРЖА ГОЛЕМА ЖУРКА ВО НОВО ЛИСИЧЕ
09.09.2011 09:24
Во средата, (7.9.2011) во пресрет на Денот на независноста, детската улица „Тоше Проески" во Ново Лисиче ечеше од музика и забава до доцните вечерни часови.
На журката, чиј организатор беше здружението на млади „Спортско Друштво Ново Лисиче", настапија голем број изведувачи од македонската андерграунд, рап и хип хоп сцена, како и ѕвезди од рок и поп музиката, меѓу кои Некст тајм, Слаткаристика, Влатко Илиевски, Скит Скитара, Млади хип хоп артисти, Културно уметнички работници, Драган Б. Костиќ, диџеј Димитри и други музички артисти.
Покрај музичките настапи, журката на отворено ја збогатија и други културни, забавни и спортски содржини и тоа турнири во шах, табла, баскет, фудбал и сервис, отворена галерија и штандови за храна и пијалаци.
Целта на настанот беше да се соберат средства за формирање на младински школи за деца во повеќе спортови, кои ги формира спортското друштво Ново Лисиче.
Манифестацијата, која годинава се одржа по вторпат со тенденција да прерасне во традиција, беше поддржана од Општина Аеродром.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
9.9.2011
Општина Аеродром











