ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЈА ОДБЕЛЕЖА 140 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ЈАНЕ САНДАНСКИ
Со положување свежо цвеќе на споменикот Јане Сандански во истоимениот парк, денеска, 18.5.2012 година, градоначалникот на Општина Аеродром ја одбележа 140 годишнината од раѓањето на овој голем македонски револуционер.
Вчера, 3.5.2012 година, во паркот „Јане Сандански“ се одржа музичка забава по повод победата на кошаркарите на „МЗТ Скопје – Аеродром“ кои станаа шампиони на кошаркарското државно првенство.
Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, денеска, 24.4.2012 година, покрај булеварот „Видое Смилевски – Бато“ го пуштија во употреба првото од трите нови паркиралишта во овој дел од општината.
Спортската сала „Јане Сандански“ беше претесна да ги прими граѓаните, кои во огромен број додоа вчера, 19.4.2012 година на трибината со премиерот Никола Груевски, како и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на која присуствуваа и голем број високи владини претставници, меѓу кои вицепремиерот Владимир Пешевски, министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски, за здравство, за труд и социјална политика, за култура, Гордана Јанкуловска, Никола Тодоров, Спиро Ристовски и Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, голем број пратеници, заменици министри и други високи владини претставници, директори на јавни претпријатија и на други државни институции.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска, 11.4.2012 година, покрај Усјанскиот канал во близина на реката Вардар, со симболично вртење на копче ја пуштија во употреба новата препумпна станица во Горно Лисиче, која на некој начин претставува срце на целата канализациска инфраструктура.
Денеска, 6.4.2012 година, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со министерот за образование и наука, Панче Кралев официјално ја пушти во употреба реновираната училишна зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“.
„МЗТ-Скопје-Аеродром“, чиј покровител е Општина Аеродром, е победник на јубилејното 20-то издание на кошаркарскиот куп на Македонија. На завршниот дуел од „фајнал ејт“ турнирот вчера, 25.3.2012 година, во спортската сала „Борис Трајковски“ „МЗТ-Скопје-Аеродром“ извојува убедлива победа над големиот ривал од супер лигата шампионот „Фени индустри“ со 84:66.
„Со реконструкцијата на шеталиштето, граѓаните, а пред сè лисичани, не само што ќе добијат ново урбано катче за рекреација, туку и повторно ќе заживее местото, каде што ќе можат да се собираат и да се дружат. Вакво нешто во населбата Лисиче одамна недостасуваше“, изјави градоначалникот Ивица Коневски, на поставувањето камен-темелник на нова фонтана и поплочување на плоштадот во трговскиот центар во населба Лисиче, што се одржа денеска, 24.3.2012 година.
Вработените во администрацијата на Општина Аеродром, каде што изминатите денови беше поставен контејнер и корпи за селектирање хартија, собираа стара и непотребна хартија од канцелариите, која подоцна ќе се рециклира.
Заврши циклусот обуки во Општина Аеродром НАД 100 ГРАЃАНИ ДОБИЈА СЕРТИФИКАТИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Вчера, 21.3.2012 година, над 100 граѓани од Општина Аеродром добија сертификати за успешно завршени обуки за професионален развој, кои ги реализираше Општина Аеродром во соработка со невладината организација „Линк Акрос“.
Во дворот на ОУ „Блаже Конески“ денеска, 21.3.2012 година, се одржа хуманитарна акција под мотото „Разбуди ја пролетта во себе“.
Министерството за транспорт и врски неодамна распиша објава за отуѓување градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, на кое е предвидена изградба на општинската административна зграда наменето за изградба на објекти за мали комерцијални и деловни единици, согласно со Детален урбанистички план локалитет Ново Лисиче УЕ – А.
Претставници на УНДП за Македонија, Клер Медина и Алесандро Фракасети, заедно со Ана Ристевска, секретар на Општина Аеродром и други претставници на Општината денеска, 14.3.2012 година, беа во работна посета на објектот „Калинка“ во градинката „Срничка“, со цел да утврдат како се одвиваат активностите околу реализацијата на пилот-проектот за реконструкција на објектот, кој стартуваше во јануари 2012 година.
Општина Аеродром им го честита 8-ми март - Денот на жената, на сите припаднички на понежниот пол!
Ми причинува задоволство што денеска имам можност да го најавам проширувањето на паркиралиштата во Општина Аеродром со капацитет од над 500 нови паркинг-места", изјави градоначалникот Ивица Коневски на денешната прес-конференција (7.3.2012 година), која се одржа на почетокот на булеварот „АВНОЈ", каде што почна изградбата.
„Со изградбата на новиот парк во Лисиче, Општина Аеродром ќе им подари на граѓаните ново зелено катче за рекреација. Од друга страна, со новиот модерен парк ќе се облагороди овој со години наназад запуштен простор, така што ќе дадеме уште еден придонес за екологијата”, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски на денешниот (29.2.2012 година) официјален почеток на изградба на паркот покрај булеварот „Србија” во населбата Лисиче.
Вчера, 19.2.2012 година, младите на Црвениот крст - Кисела Вода заедно со сезонските работници на Општина Аеродром ги чистеа остатоците од снег и мраз од патеката и влезовите на пензионерскиот дом „Јане Сандански“.
Денес, 17.2.2012 година, во ОУ „Блаже Конески“ се одржа презентација на проектот „Моето место на живеење – го истражуваме минатото“ кој претставува еден вид културно патување на учениците низ минатото и историјата на Град Скопје.
Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, денес, 16.2.2012 година, ја посети Општина Аеродром и одржа работна средба со градоначалникот Ивица Коневски.
Поради неповолните временски услови и ниските температури во основните училишта на територија на Општина Аеродром од утре, 8.2.2012 година (среда) до 10.2.2012 година (петок), наставата ќе почнува од 08:30 часот.
Часовите ќе се одржуваат според распоредот на часови, но ќе бидат скратени за 10 минути, односно еден час ќе трае 30 минути. Наставата за учениците кои посетуваат настава со продолжен престој, пак, ќе се организира во договор со родителите.
Кризниот штаб на Општина Аеродром и фирмата „Река интернационал“, која е задолжена да ги одржува локалните улици и патишта во надлежност на Општина Аеродром во зимски услови, експресно реагираше на снегот кој почна да паѓа вчера, (1.2.2012 година) и презеде континуирани акции за расчистување на снегот.
Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски" интензивно работи на инклузија на претприемништвото во образованието во рамки на проектот „Претприемничко учење во основното образование", како едно од четирите пилот училишта во Република Македонија, што го спроведува Регионалниот центар за земјите од Југоисточна Европа (SEECEL) со седиште во Република Хрватска.
Советот на Општина Аеродром на 58-та седница, која се одржа на 27.1.2012 година, донесе Одлука за утврдување на новите симболи на Општина Аеродром, со која практично се усвои мнозинското мислење на граѓаните како најсоодветно решение предлогот на авторот Љупчо Џуровски што во последниот број на општинскиот весник „Аеродром“ беше објавен под реден број 3.
Општина Аеродром распиша тендер за изградба на нов голем модерен парк во населбата Лисиче, како комбинација на уредени зелени и водени површини со спортско-рекреативни терени и детски игралишта.
Општина Аеродром во соработка со УНДП и проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“ од 10.1.2012 година почнаа со комплетна реконструкција на градинката „Калинка“ како пилот-проект за создавање целосно енергетски ефикасна градинка, прва во Република Македонија.
Општина Аеродром ги потсетува граѓаните дека имаат обврска да поднесат годишна даночна пријава за остварените приходи во 2011 година како даночни обврзници на персоналниот данок на доход.
Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, денеска, 3.01.2012 година, на почетокот на булеварот „Февруарски поход“ (спроти ресторанот „Мирко“), го означија почетокот на изградба на три нови паркиралишта во општината.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорите на градските јавни претпријатија, вчера, 1.12.2011 година, ја посети Општина Аеродром, при што оствари работна средба со градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, со раководителите на општинската администрација, како и со секретарите на урбаните и на месните заедници.
Општина Аеродром, во соработка со НВО „Линк Акрос“, Американската стопанска комора и Факултетот за бизнис и економија вчера, 1.11.2011 година, во просториите на факултетот одржаа бесплатен семинар под наслов „Услугите во фокусот“.
По повод 5-ти Октомври – Светскиот ден на учителот, во градинките и основните училишта во Општина Аеродром изминативе денови се организираа активности со кои свечено се одбележа денот на учителите.
„Од денеска во парковите „Јане Сандански" и паркот „Тоше Проески" кај детската уличка граѓаните ќе можат преку нивните мобилни телефони или лаптоп компјутери бесплатно да се поврзат на безжичен интернет во секое време", изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски на прес-конференцијата што се одржа денеска, 5.9.2011 година, во паркот „Јане Сандански".
Денеска, 1.9.2011 година, во ОУ „Браќа Миладиновци", градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со министерот за образование и наука, Панче Кралев и в.д. амбасадорот на Соединетите држави во Македонија, Брајан Агелер, го промовираа проектот „за секое прваче по едно ново столче", симболично означувајќи го почетокот на новата учебна година.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски заедно со министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, денеска, 24.8.2011 година, во детската градинка „Срничка“, поточно клонот „Чекорче“ во непосредна близина на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, одржа прес-конференција на тема реновирање на детските градинки во Општина Аеродром.
Станува збор за реконструкција на три предучилишни установи и тоа, двете градинки „Чекорче“ и „Црвенкапа“, кои се клонови на градинката „Срничка“, а третата градинка е „Буба Мара“, во која е сместена и дирекцијата на оваа детска установа.
„Општина Аеродром деновиве распиша тендер за изградба на нов голем воден парк што ќе се гради покрај кејот на реката Вардар во непосредна близина на спортската сала „Јане Сандански" и со тоа граѓаните не само што ќе добијат ново зелено катче за рекреација и место на кое ќе можат да се разладуваат во топлите денови, туку ќе дадеме уште еден придонес за екологијата на тој начин што ќе се облагороди овој со години наназад запуштен простор" изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски на денешната (27.7.2011 година) прес-конференција.
Градоначалниците на Општина Аеродром и на најголемата и најразвиена лондонска централна општина Вандсворт, Ивица Коневски и Пиерс Мек Каусленд, вчера, 21.12.2010 година, во Лондон, Велика Британија, потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, културата и граѓанската заедница.
Одлука за склучување Меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Вандсворт донесе Советот на Општина Аеродром на 41-та седница одржана на 5.11.2010 година.
ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ И НА ГРАДОТ СТИРЛИНГ ПОТПИШАА ПОВЕЛБА ЗА МЕЃУСЕБНО ПРИЈАТЕЛСТВО
Градоначалниците на Општина Аеродром и на Градот Стирлинг, Ивица Коневски и Дејвид Бутман денеска, 29.9.2010 година, во Стирлинг, Австралија, потпишаа Повелба за меѓусебно пријателство меѓу Општина Аеродром и Градот Стирлинг.
Десетина ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром се вклучија во вчерашната велосипедска парада од Градскиот парк до Инфо-центарот на Европската унија во Скопје што се одржа по повод 22-ри Септември, Меѓународниот ден без автомоб
Во понеделник, 20.09.2010, со почеток во 12:00 часот покрај булеварот „Јане Сандански“ (кај зелените згради спроти спортското игралиште „Сансет“) Општина Аеродром официјално ќе почне со изградба на првото монтажно паркиралиште во Република Македонија, по што градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, ќе даде изјава за медиумите.
Денеска, 11.6.2010 година, во Општина Аеродром на свечен начин беа доделени благодарници за наставниците по информатика и по англиски јазик за нивниот несебичен ангажман и волонтерска настава во рамки на проектот „Бесплатни обуки по компјутери и англиски јазик“.
По повод 20-ти мај, денот на пожарникарството во Република Македонија, на кејот на реката Вардар, во непосредна близина на спортската сала „Јане Сандански“ вчера, 19.5.2010 година, се одржа крос натпревар за учениците од 7-мо и 8-мо одделение од Скопје.
Од вчера пред ТЦ „Бисер“ кловнови, акробати, магионичари и музичари со најразлични настапи и театарски и магионичарски изведби во попладневните часови ги забавуваат граѓаните на Општина Аеродром во рамки на БАСКЕРФЕСТ 2010 под наслов „Циркус под отворено небо“.
На 5-ти, 6-ти и 7-ми јуни 2010 година (сабота, недела и понеделник од 18:00 до 21:00 часот во Општина Аеродром во ТЦ „Бисер“ граѓаните ќе имаат можност да ги проследат настапите предвидени во програмата на фестивалот „Баскерфест 2010 – Скопје“.
Денеска, 28.5.2010 година, со поставување камен-темелник свечено беше одбележан почетокот на изградбата на нова фонтана во дворот на цркавата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче.
Учениците од четврто одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ денеска, 20.4.2010 година беа во работна посета на Општина Аеродром и се сретнаа со градоначалникот Ивица Коневски.
Градоначалникот на Општина Аеродром, заменик-министерот за труд и социјална политика и претседателот на невладината организација „Полио плус“, утре, 20.5.2010 година пред основното училиште „Блаже Коневски“ во Општина Аеродром свечено ќе ги пуштат во употреба пристапните рампи за инвалидизирани лица.
Градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, заедно со претседателот на Советот на општината, Виктор Камиловски, престојува во официјална посета на Лондон.
Новости
18.05.2012 11:47
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЈА ОДБЕЛЕЖА 140 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ЈАНЕ САНДАНСКИ
17.05.2012 13:25
На тромеѓата на булеварите „Кузман Ј. Питу“, „Јане Сандански“ и улицата „Фрањо Клуз“ ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДЕН ВЛЕЗОТ НА АЕРОДРОМ





