Информации

Полиција

контакт-телефон : 192

Брза помош

контакт-телефон : 194

Противпожарна бригада

контакт-телефон : 193

Центар за известување и тревожење

контакт-телефон : 195

АМСМ-помош на патишта

контакт-телефон : 987

Информации

контакт-телефон : 188

Будење

контакт-телефон : 180

Точно време

контакт-телефон : 95

Телеграми

контакт-телефон : 96

ЕМС услуга Врата до врата

контакт-телефон : 9800

Воена полиција

контакт-телефон : 3227-700

Републички пазарен инспектор

контакт-телефон : 975

Матична служба

контакт-телефон : 3117-766

Аеродром Скопје

контакт-телефон : 3148-333

Меѓуградска автобуска станица

контакт-телефон : 2466-011

Железничка станица

контакт-телефон : 3164-255

ПС Аеродром

контакт-телефон : 2432-362; 3142 408

ПС Драчево

контакт-телефон : 2794 111; 2763 330

ПС Кисела Вода

контакт-телефон : 3142 403; 3223 410

Повеќе...

Претходен Градоначалник

tl_files/opstinska administracija/todorovski.jpg

Кирил Тодоровски, градоначалник на Општина Аеродром 

Роден е во 1948 година во Битола. Со завршувањето на високото образование се стекнува со стручните називи: дипломиран економист и професор по математика. До 1977 година вработен е како професор по математика во средни училишта во Скопје. Од 1977 година ангажиран е во Заводот за вработување и има околу 25 години работно искуство на задачи поврзани со следењето на системот за информирање и посредување при вработувањето во Република Македонија. 

Образование:


ВСО:   Економски факултет
           Математички факултет 

Работен историјат:

  1. До 1977 година вработен е како професор по математика во средни училишта во Скопје, и тоа:
    1. Гимназија „Георги Димитров” - Скопје;
    2. Гимназија „Никола Карев” - Скопје;
    3. АСУЦ „Боро Петрушевски” - Скопје;
    4. СУВР „Елисие Поповски” - Скопје;
  2. Од 1977 година вработен е во Агенцијата за вработување на Република Македонија;
  3. Во периодот од 30.01.2001 до 04.03.2002 година - директор на Агенцијата за вработување.


Посебни курсеви, семинари, конференции, награди и достигнувања

Остварил активно учество на семинари, работилници и на светски конгрес на државните заводи за вработување во Берген, Норвешка, во 2001 година, каде што извршил презентирање на работата на Агенцијата за вработување надвор од државата; дела и трудови: прирачници; правилници; целокупната законска документација за вработување и невработеност; номенклатура со шифрант на занимања; проектирање и имплементирање на информацискиот компјутерски систем за вработувањето и невработеноста на РМ; компјутерско-мрежно хоризонтално и вертикално поврзување на локалните бироа со Агенцијата за вработување (со што Агенцијата за вработување е многу понапредна од агенциите за вработување во сите држави на Балканот и од југоисточна Европа); упатства; семинари за оспособување на вработените; десетици проекти; ажурирана евиденција (со бришење на 31.740 невработени лица); формирање на берза на трудот; студии; статии; анализи; осврти; информации; истражувања; анкети; брошури; билтени; иницијативи за измени и донесување на нови закони (во јануари 2001 година предложен е текст за Закон за поттикнување на вработувањето, со амбиции за успешно справување со невработеноста во РМ, за период од 3 до 5 години); реформи, во интерес на странките и вработените, насочени кон дебирократизација на Агенцијата за вработување (отстранување на мешаниците преку лизгава пауза, компјутери, електронско поврзување со сродни институции, работа на 1 шалтер); заштеда од 12,92 % (милиони ГМ, во 1 година); комплетно регулирани состојби со имотот на Агенцијата за вработување; обезбедени средства и изградба на нови објекти во бироата за вработување во Свети Николе и во Демир Хисар; обезбедени финансиски средства и започната имплементација на Законот за вработување на инвалидни лица, и многу друго; познавање на англиски и француски јазик и информатичка технологија.

 

Претходен градоначаник

tl_files/opstinska administracija/ziberoski.jpg


проф. д-р Југослав Зибероски, заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Роден е на 19-ти септември, 1948 година во Дебреште, прилепско. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Скопје во 1970 година.
На истиот факултет магистрирал во 1976 година, а во 1980 година се стекнал со титулата доктор на науки по микробиологија.
Од 1973 година е вработен на Земјоделскиот факултет во Скопје, прво како асистент по предметот микробиологија, а потоа, од 1980 доцент по истиот предмет, а во 1985 година е избран за вонреден професор. Како редовен професор по микробиологија на Земјоделскиот факултет во Скопје работи од 1990 година до денес.
Бил на бројни специјализации и на студиски престои во повеќе европски земји. Држел предавања по покана на агрономските факултети во Оксфорд (Англија), Сорбона (Франција), Хорс (Холандија) и Пловдив (Бугарија), како и на Институтот за градинарство во Кечкемет (Унгарија), универзитетите во Лас Вегас и Мичиген и на други образовни институции во земјава и светот.
Работел како лидер на повеќе проекти од неговата областа, меѓу кои поважни се „Пестициди во агроекосистемот во Република Македонија“, финансиран од САД и „Производство на органска храна“ финансиран од Кралството Холандија.
Досега има напишано 489 научни трудови, 36 стручни книги за потребите на студентите, за учениците од средното образование, како и стручни книги за земјоделците. Поголем дел од неговите стручни книги се преведени на англиски јазик и се користат како стручна литература на земјоделските факултети во повеќе европски земји.
Во досегашниот работен век бил на повеќе раководни функции. Зборува англиски, француски, италијански, руски и полски јазик.