ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ ШУТ И СМЕТ НИЗ ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Општина Аеродром изминатиот викенд реализираше голема акција за собирање на сметот и шутот што несовесни граѓани го фрлаат на недозволени места и надвор од контенјерите.

Во акцијата до сега се собрани 40 тони смет и шут, а активностите ќе продолжат и во наредниот период сè додека не се исчисти целиот шут и смет од целата територија на Општината.

Акцијата се реализираше во соработка со службите од ЈП „Комунална хигиена“.

Општина Аеродром апелира до граѓаните шутот и сметот да го одложуваат на соодветно место одредено за тоа, бидејќи фрлањето отпад на недозволени места ќе биде санкционирано во согласност со законската регулатива.

 

19.11.2015

Општина Аеродром