ВО ПЕТОК ЕДУКАТИВНА АКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ на 27.11.2015 година (петок) со почеток од 12:00 часот пред ТЦ „Бисер“ ќе организира едукативна акција за заштита од пожари за време на грејната сезона под мотото „Топол дом без пожари“.

За време на акцијата на граѓаните ќе им бидат поделени флаери со едукативна содржина за опасностите од настанување пожари при користење грејни тела во домовите.

Исто така, граѓаните ќе имаат можност да контактираат со стручни лица од Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ и да им поставуваат прашања за опасностите од пожар, за кои ќе добијат соодветни советувања.

Иста ваква едукативна акција за заштита од пожари во наредниот период ќе се одржи и во населбата Лисиче, како и во Горно и Долно Лисиче.

 

24.11.2015

Општина Аеродром