ЗАСАДЕНИ 40 ЛИСТОПАДНИ ДРВЦА ВО ООУ„АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“

Вчера, 23.11.2015 година, во училишниот двор на ООУ „Александар Македонски“ се засадени околу 40 листопадни дрвја од видот јасен и керлеутерија.

Станува збор за промотивно засадување дрвца во дворовите на училиштата во рамки на претстојната традиционална акција „Ден на дрвото“ овој пат под мотото „Засади скопска иднина!“.

Акцијата ќе продолжи со засадување дрвца и во другите основни училишта, како и на други локации на територијата на Општина Аеродром каде што има потреба од нови дрвја.

 

24.11.2015

Општина Аеродром