НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ОД ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ НА ПОСЕТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

Вчера, 25.1.2016 година, неколку ученици од основното училиште „Лазо Ангеловски“, кои во изминатиот период беа добитници на повеќе награди на меѓународни и на домашни конкурси и натпревари по ликовно образование и математика беа во посета на Министерството за култура и се сретнаа со министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

На средбата беше посочено дека учениците континуирано се добитници на многу признанија, преку кои успешно ја афирмираат културата на Република Македонија во меѓународни рамки. Исто така, беше потенцирана и одличната соработка што ова основно училиште ја има со националната установа Спомен-дом на Мајка Тереза, со која во наредниот период ќе реализираат заеднички проекти по повод претстојното прогласување на Мајка Тереза за светица.

Министерката за култура им честиташе за сите освоени награди и ја поздрави посветеноста на наставниците во акцентирањето на важноста на културата во воспитно-образовниот процес.

           

26.1.2016

            Општина Аеродром