Информативен постер за заштита на човековите слободи и права

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ

Деновиве во просториите на Општина Аеродром е поставен информативен постер за промоција на бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на основните човекови слободи и права.

Лицата кои ќе пријават повреда на основните човекови слободи и права ќе добијат бесплатно советување за правните постапки од страна на тим на адвокати.

Станува збор за проект на УСАИД за заштита на човековите права имплементиран од Македонско здружение на млади правници, преку кој се промовира и унапредува заштитата на човековите права и демократските вредности и се олеснува пристапот до правда за граѓаните-жртви.

 

            29.1.2016

            Општина Аеродром