ФИРМИТЕ ОД АЕРОДРОМ ГО „ПРЕПЛАВИЈА“ ВЕБ-ПОРТАЛОТ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИСОТ

 Над 100 фирми и невладини организации на територијата на Општина Аеродром покажаа интерес за регистрација на порталот, буквално преплавувајќи го секојдневно со нови регистрации, откако претходно Општина Аеродром изработи веб-портал за поддршка на бизнис-секторот (mspaerodrom.mk).

Општина Аеродром преку овој портал врши секојдневна бесплатна промоција на формите кои егзистираат на нејзината територија.

Инаку, наскоро на овој портал ќе се нудат и бесплатни консултантски услуги и експертски совети од врвни професори на МИТ Универзитетот, со кој Општина Аеродром неодамна потпиша Меморандум за соработка.

 

3.5.2016

Општина Аеродром