БЕСПЛАТНИ ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ФИРМИТЕ ОД АЕРОДРОМ

 Општина Аеродром преку веб-порталот за поддршка на бизнис-секторот (mspaerodrom.mk) од 23.5.2016 година им овозможи на фирмите и невладините организации на нејзина територија да добијат бесплатни експертски совети од компетентни лица вработени на МИТ Универзитет.

Фирмите и невладините организации може да поставуваат прашања на kontakt.aerodrom@mit.edu.mk, а експертите од МИТ Универзитетот во рок од 48 часа електронски ќе одговорат на поставените прашања од различни подрачја, кои може да се видат во прилог.

Инаку, неодамна Општина Аеродром потпиша Меморандум за соработка со Мит Универзитет, а целта е соработка за научно-едукативна и практична афирмација, како и обезбедување бесплатни обуки и консултации од областа на научно-истражувачката и практичната дејност.

Исто така, во иднина заеднички ќе се организираат семинари, конференции, работилници, како и заеднички проекти од областа на медиумите и истражувањето во рамки на општествено-политичката заедница.

 

25.5.2016

Општина Аеродром