Во ООУ „Лазо Ангеловски“

ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ НА Е-ТВИНИНГ УЧЕЊЕТО

 Вчера, 26.5.2016 година, во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа промоција на активностите на наставниците – членови на e-Twinning платформата, каде беа претставени 8 паноа со изработки и активности на учениците и наставниците од училиштето.

               Секое пано претставуваше остров со богатство. Преку понудените мапи присутните родители, колеги од нашето и други училишта и претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги откриваа искористените богатства на оваа платформа. Започнувајќи со националните и интернационалните проекти, соработката со партнерите од Европа, групите на платформата, па сѐ до професионалниот развој на наставниците оваа промоција беше вредна за посета што го покажаа и резултатите од спроведената on line анкета.

               Исто така, на оваа промоција беа поделени сертификати на учениците за нивното учество во проектите.

 

               27.5.2016

            Општина Аеродром