УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ И ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ДОМИНАНТНИ НА ПОЖАРНИКАРСКИОТ КРОС

 Вчера, 26.5.2016 година, на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“, се одржа пожарникарскиот крос-натпревар „Пожарко 2016“ за учениците од основните училишта од градот Скопје.

Најдобар од учесниците од Град Скопје во конкуренција на категоријата 600 метри машки е Кристијан Трпчевски од ООУ „Гоце Делчев“.

Најдобра на кросот од Општина Аеродром во конкуренција на категорија 400 метри женски е Сташа Петровиќ од ООУ „Браќа Миладиновци“, второ место е Ева Јанева од ООУ „Димитар Македонски“, додека третото место го освои Евгенија Голубовска од ООУ „Браќа Миладиновци“.

Во категоријата 500 метри машки првото место го освои Анастасиос Јанев од ООУ „Браќа Миладиновци“, второто место му припадна на Бојан Станчев од ООУ „Гоце Делчев“, а трето место е Коста Василевски исто така од ООУ „Гоце Делчев“.

Деветтиот по ред традиционален пожарникарски крос се организира по повод 20 мај, денот на пожарникарството во Република Македонија во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Γрад Скопје.

                                                   

            27.5.2016

            Општина Аеродром