НЕДЕЛА НА ХУМАНИТАРНИ ФИТНЕС ЗАБАВИ ЗА ПОДДРШКА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВАТА

Утре, 23.8.2016 година во паркот со авион во Општина Аеродром од 18:30 до 20:00 часот ќе се одржи хуманитарен отворен час по киндермјузик и зумба-фитнес, во организација на Здружението за модерни и спортски танци „Прима Данца“ и Црвениот крст на Град Скопје.

Секој учесник за да се вклучи на настанот треба да покаже од својот мобилен телефон порака од Фондација (143-400), како потврда дека има донирано средства истиот ден.

Исти часови на отворено со киндермјузик и фитнес танцување ќе се одржат и на 27.08. (сабота) и на 28.8.2016 година (недела) во паркот со авион.

Неделата на музика, танц и вежбање во природа за сите возрасти се организира со цел да се соберат средства кои ќе се донираат за настраданото население во поплавата.

 

22.8.2016

Општина Аеродром