ВО ПЕТОК 54 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 26.8.2016 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 54-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог-Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на ОА за вториот квартал од 2016 година

2.    Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работењето и за спроведување на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2015 година

3.    Предлог-Одлука за ставање вон сила на Одлука за донесување Детален урбанистички план за локалитет Горно Лисиче УЕ А, Општина Аеродром- Скопје

4.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект  број 1 на КП 1646/1)

5.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект  број 1 на КП 4014)

6.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект  број 1 на КП 3588)

7.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 1642/4)

8.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 4045)

9.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на KП 5944)

10. Предлог-Заклучок за усвојување Информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови на ОА,  за прекин на постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 10

11. Предлог-Заклучок за усвојување Информација од Комисија за урбанизам на ОА за отпочнување постапка за изработка на ДУП за градска четврт И 10

12. Предлог-Одлука за исплата на парична помош за надомест на патни трошоци за учебната 2016-2017 година, на ученик со посебни образовни потреби

13. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Ѓорѓија Пулевски” за учебната 2015/2016 година

14. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев” за учебната 2015/2016 година

15. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Александар Македонски“ за учебната 2015/2016 година

16. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Димитар Македонски” за учебната 2015/2016 година

17. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Лазо Ангеловски” за учебната 2015/2016 година

18. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Блаже Конески” за учебната 2015/2016 година

19. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Љубен Лапе” за учебната 2015/2016 година

20. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ “Браќа Миладиновци” за учебната 2015/2016 година

21. Предлог-План за измена и дополнување на План за јавни набавки на ОА за 2016 година

22. Предлог-Одлука за исплата на еднократен  паричен износ  за сезонските работници  во Општина Аеродром, поради дополнителен ангажман

23. Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност за потпишување Договор за соработка помеѓу Општина Аеродром и  Град Скопје, со цел изградба на атмосферска канализација на подрачје на Општина Аеродром, во  Долно Лисиче на улица 1

24. Предлог-Одлука за задолжување на Секретарот на Општина Аеродром за запирање на преземање на започнати активности за раскинување на Договор за користење на покриен шанк 1 број 05-1728/1 од 22.02.2012 година

25. Предлог-Одлука за давање согласност за префрлување на електрично броило бр. 62701279 за стандарден приклучок на новоизградената детска градинка во близина на ООУ „Гоце Делчев“, Горно Лисиче.

26. Предлог-Одлука за давање согласност за склучување Договор помеѓу Програмата за развој на Обединети нации и Општина Аеродром, за  имплементација на активностите каде УНДП обезбедува поддршка во рамките на проектот„Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2016 година“

 

22.8.2016                                

Општина Аеродром