РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ ПРОДОЛЖЕН ДО 31 АВГУСТ

Рокот за пријавување за учество на петтиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2016“, кој се одржува во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, е продолжен до 31.8.2016 година, додека официјалниот почеток, поради технички причини, е презакажан за 1.9.2016 година.

Повеќе информации околу турнирот може да се добијат на телефонските броеви: 075/442-044 и 075/329-958.

Турнирот го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците во висина од 300.000,00 денари.

 

26.8.2016

Општина Аеродром