УТРЕ ХУМАНИТАРНА ФИТНЕС-ЗАБАВА ЗА ПОДДРШКА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВАТА

Утре, 27.8.2016 година (сабота), во паркот со авион во Општина Аеродром од 18:30 до 20:00 часот ќе се одржи хуманитарен отворен час по киндермјузик и зумба-фитнес, во организација на Здружението за модерни и спортски танци „Прима Данца“ и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка од Општина Аеродром, како заокружување на манифестацијата „Недела на хуманитарни фитнес-забави“.

Секој учесник за да се вклучи на настанот треба да покаже од својот мобилен телефон порака од Фондација (143-400), како потврда дека има донирано средства истиот ден.

Неделата на музика, танц и вежбање во природа за сите возрасти се организира со цел да се соберат средства, кои ќе се донираат за настраданото население во поплавата.

 

26.8.2016

Општина Аеродром