СПОРТСКИ ТЕНИСКИ ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со министерот за финансии, Кирил Миноски, да денешната, 13.9.2016 година, прес-конференција најави изградба на Спортски тениски центар покрај кејот на реката Вардар, кој ќе содржи минимум 8 тениски терени со што ќе создадат услови за одржување меѓународни натпревари.

Тенискиот центар ќе се гради преку јавно приватно партнерство согласно Законот за ЈПП. Инвеститорот, покрај тениските терени ќе треба да изгради и компатибилни содржини, како што се игротека, кафе-бар и канцелариски простор.

Тениските терени треба да бидат изградени најдоцна за 24 месеци, додека, пак, за компатибилните содржини рокот е 36 месеци од потпишување на договорот.

„Општина Аеродром со изградбата на Спортскиот центар ќе добие уште една спортска содржина, каде ќе доаѓаат афирмирани светски тенисери, а младите ќе имаат можност да вежбаат во соодветни услови за професионален тенис, а некои од нив можеби и ќе прераснат во познати тениски ѕвезди“, изјави градоначалникот Коневски.

 

13.9.2016

Општина Аеродром